Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН, но дека западните земји ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја изолираат Москва.
– Советот за безбедност е создаден како производ на создавањето на ОН по Втората светска војна. Тие (Русија) се членка на Советот за безбедност. Тоа е факт. Не можеме да го промениме тој факт, но секако можеме да ги изолираме во Советот за безбедност. Можеме да го направиме нивното присуство во тоа тело многу непријатно – изјави таа за Ем-Ес-Ен-Би-Си.
Томас-Гринфилд потврди дека Вашингтон и сојузниците работат на исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН.