Портпаролот на рускиот претседател изјави денеска дека не очекува именувањето на Марк Руте за иден генерален секретар на НАТО да доведе до каква било промена на генералната линија на Алијансата, која Русија ја смета за непријателска.
„Тешко дека овие избори можат да сменат нешто во генералната линија на НАТО“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Сега кога Алијансата е непријателски настроена кон нас“, рече Песков.
НАТО денеска официјално го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар. Тој на таа функција ќе го наследи Норвежанецот Јенс Столтенберг и ќе стапи на должност на 1 октомври.
Тогаш ќе му истече мандатот на Столтенберг, кој беше обновуван четири пати од 2014 година, кога првпат беше назначен.