![marija zaharova](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/marija-zaharova.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Информацијата којашто ја пренесуваат западните медиуми за наводна евакуација на руските дипломати од Украина се само слухови и гласини, изјавува во саботата портпаролоката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова и предупреди дека таквите изјави од западните медиуми веројатно се темелат на некои нивни сознанија за она што се подготвува во Украина.
„Како што се сеќавате, гласините за наводната евакуација на руски дипломати се појавија во неколку западни изданија, вклучително и во The New York Times, пред околу еден месец во текот на божикните празници.Тогаш неколку деца на нашите дипломати во Украина ги посетија своите баби и дедовци“ во Русија, се вели во коментарот на Захарова на новинарско прашање за ситуацијата со руските дипломатски мисии во Украина.
Станува збор за намалување на бројот на вработени во амбасадата во Киев и конзулатите во Лавов, Харков и Одеса. И руската амбасада и конзулатите ќе продолжат да работат.
„Целта на овие објави е прикривањето на евакуацијата на дипломатите и нивните семејства на САД, Велика Британија, Канада, Австралија и други држави од амбасадите во Киев. На пример, вчера евакуација најави Израел“, додава Захарова.
„Стравувајќи од можните провокации на режимот во Киев или од трети земји, решивме на одредено време да го оптимизиаме персоналот на руските претставништва во Украина“, вели портпаролката на руската дипломатија во објавата за јавноста одговарајќи на прашањето на медикуми за намалувањето на бројот на дипломатскиот персонал во соседната земја среде растечките тензии и таквите активности од број ни западни земји.
„Имајќи го предвид значајното влијание коешто Вашингтон и Лондон го имаат врз Киев… заклучуваме дека нашите американски и британски колеги очигледно се свесни за одредени акции коишто се подготвуваат во Украина а коишто би можеле значително да ја закомпликуваат ситуацијата во сферата на безбедноста“, предупредува Захарова.
Уште во декември по таквите потези на САД, многу западни амбасади преземаа слични мерки, а некои земји како САД, Канада и Австралија ги повикаа своите државјани „што поскоро“ да ја напуштат Украина. Од НАТО и Вашингтон, пак, истовремено објавија дека наводно Русија изминатите денови донела нови трупи близу границата со Украина и сега ги има доволните капацитети за наводната инвазија, како и дека евеантуалниот напад е „можен во секој момент“.
По ваквите крајно загрижувачки процени, Киев повика на „смирување“ а Москва ги процени како нов бран во американската антируска „хистерија“.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата повторни би требало да разговара телефонски со американскиот и францискиот колега по должност, Џо Бајден односно Емануел Макрон, додека шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен би требало да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.