Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, за ТВ каналот „Россија 24“ изјави дека Русија нема да напаѓа нуклеарни постројки на територијата на Украина, бидејќи разбира какви негативните последици може да донесе тоа.
Според него, работа на Киев е да си носи одлука за изградба на нови енергетски единици, доколку има можности за тоа, руската страна не се меша во тоа.
„Русија никогаш не нападнала нуклеарни постројки на територијата на Украина и нема намера да го стори тоа“, нагласи Улјанов.