Русија објаснува зошто нема прекин на огнот за време на преговорите со Украина

Москва нема да ја паузира својата воена акција против Украина додека води мировни преговори со Киев, изјави во понеделникот за новинарите портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

„Гледате, пауза во операцијата, секоја пауза, се користи од националистичките единици за да се прегрупираат, се користат за продолжување на нападите против руската војска“, објасни функционерот. Тој тврди дека руските трупи во Украина го доживеале ова и претходно „во повеќе наврати“.

За време на речиси едномесечниот напад на Украина, Русија во неколку наврати прогласи прекин на огнот, наведувајќи дека паузата во борбите на фронтот ќе им овозможи на цивилите да ги евакуираат погодените области и да се донесе хуманитарна помош во украинските градови зафатени во воените дејствија.

Москва и Киев постојано се обвинуваа меѓусебно за наводно прекршување на договорите за прекин на огнот во различни делови на земјата. Русија рече дека верува оти украинската влада нема целосна контрола врз нејзините единици, кои ги вбројуваат радикалните националисти во своите редови. Овие сили, според Москва, се решени да се борат до крај и не се двоумат да ги држат цивилите како жив штит и на друг начин да ги поткопаат напорите за спречување на жртви.