
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди во средата руските сили кои ги одбиваа украинските напади во Херсон на југот на Украина, да се повлечат од западниот брег од реката Дњепар.
Руските власти повеќе седмица наназад најавуваа дека ќе ги повлечат војските од оваа област, но во Киев се сомневаа дека веројатно станува за стапица, забележувајќи дека во регионот руската војска испратила неколку десетици илјади резервисти. Некои аналитичари, пак, сметаат дека реката Дњепар може да биде и граница меѓу завојуваните страни на која ќе се чекаат преговорите за примирје.
Објавата на руското повлекување би претставувало едно од најзначајните операции а на западните аналитичари сметаат дека може да е потенцијална пресвртница во војната која трае веќе девет месеци.
Рускиот генерал Сергеј Суровикинн во изјавата за медиумите емитувана на државната телевизија посочи дека доколку украинските сили дополнително го зголемат испуштањето на водата од браните во регионот или посилен ракетен напад врз браната Каховка, која неодамна беше оштетена, ќе се создаде голем пороен слив кој ќе поплави големи области од регионот.
„Тоа ќе доведе до значителни жртви меѓу цивилното население, и ќе претставува дополнителна закана нашата воена групација да биде отсечена на западниот брег на Дњепар. Во тие услови, најсоодветно е да се организира одбрана по должина на линијата на раздвојување на крајбрежјето“, рече Суровикин.
Суровикин во изјавата за јавноста наведе дека предложил зацврстување на одбранбените линии на источниот брег на реката Дњепар, откако изминатите два месеца руските единици ги одбија сите обиди на украинските сили да направат пробој на руските позиции во Херсон на западниот брег
„Се предлага сеопфатна процена на моменталната ситуација за да се преземе одбрана на левиот брег на Дњепар. Сфаќам дека ова е многу тешка одлука. Истовремено ќе го сочуваме животите на нашите војници и борбената способност на единиците, кои попусто е да бидат држени на десниот (западниот) брег во ограничена област. Покрај тоа, ќе бидат ослободени дел од силите и средствата коишто ќе бидат искористени за активни операции, вклучително и офанзивни дејствија во други правци во зоната на спроведување на операцијата“, изјави Суровикин.
Прецизира дека „маневарот на војниците ќе биде изведена наскоро, формациите и единиците ќе зазема одбранбени позиции и линии на левиот (источниот) брег“ на Дњепар.
Изминатите неколку седмици руските власти спроведоа масовна евакуација на цивилното население на повеќе од 100.000 жители од Херсон кој секојдневно беше ракетиран од украинските позиции со американските ракетни системи HIMARS што тешко ја оштети цивилната инфраструктура во градот, вклучително и снабдувањето со струја и вода.
„Херсон и соседните населби не можат целосно да бидат снабдувани и да функционираат, животите на луѓето постојано се во опасност“, додава Суривикин.
Херсон беше еден од првите градови кои ги заземаа руските единици уште на почетокот на инвазијата кон крајот на февруари. Постојат размислувања дека руската армија сака да ја зајакне одбраната на коридорот кон Крим, како и дека можеби станува збор за стратегија во која украинските сили ќе бидат вовлечени во тешки улични борби или да бидат измамени на бришан простор, како што
Украина со месеци ги гаѓа главните премини преку Дњепар, во настојувањата да се отежне снабдувањето на руската војска,. Украинските сили секојдневно се обидуваа да направат позначаен пробив низ руските позиции, но и двете страни по мали напредувања се повлекуваа на почетните позиции а веќе цела седмица немаше никакво поместување на линијата на боиштето.
Украинските сили од првата линија на почетокот од седмицава соопштија дека не гледаат сигнали за вистински подготовки за повлекување на Русите, и оти веруваат дека руските сили всушност сее вкопуваат,
Наталија Хумењук, шефица на прес-центарот на украинската војска, изјави дека минатонеделното отстранување на руското знаме од зградата на градската управа на Херсон би можело да биде руска стапица.
„Тоа би можело да биде показател за специјални провокации за да се создаде впечаток дека градот е напуштен, дека е безбедно да се влезе во него додека Русите се подготвуваат за улични борби“, беше претпазлива тогаш Хумењук.