Две групи цивили ја напуштиле териротијата на челичарницата „Азовстал“, последното упориште на украинскиот отпор во јужниот стратешки пристанишен град Мариупол, соопшти во неделата руското министерство за одбрана.
Три автобуса со бегалци излегле од територијата на металуршкиот комбинат „Азовстал“ и околината со вкупно 40 лица, од кои 8 деца, 14 жени и 18 мажи, пренесува во неделата попладнето агенцијата РИА повикувајќи се на извештајот на нејзиниот репортер од самото место.
Според информацијата, сите евакуирани се пренесени во шаторски камп во селото Безименое, а целата операција била надгледувана од службеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и на Обединетите нации. Подоцна колона со повеќе автобуси со цивили била упатена во правец на местото Новоазовска.
Претходно во неделата руското министерство за одбрана објави дека вкупно 46 цивили ја напуштиле областа во организирана евакуација, како и дека добиле храна и засолниште. Претходно беше објавено и дека областа на „Азовстал“ и околината ја напуштиле 25 цивили.
Добро утврдената со мрежа подземни коридори челичарница „Азовстал“ крај Мариупол е последната база во којашто се кријат околу 2.500 припадници на украинската војска, припадниците на паравоените формации на екстремистичките неонацистички украински движења и странски платеници. Дури по две седмици од почетокот на руската опсада на „Азовстал“ и по предавањето на околу 1.500 украински маринци од комплексот, Киев и Западот одненадеш објавија дека во големиот коплекс имало и цивили заедно со борците. Москва оцени дека станува збор за вообичаената практика на украинските паравоени сили кои цивилите ги користат како „жив ѕид“.
Повеќепати се водеа преговори за прекин на огнот за да им се овозможи извлекување на цивилите од „Азовстал“ и од Мариупол, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за неуспешните преговори и евакуации.
Руската војска во неделата, исто така, соопшти дека во текот на денот била погодена пратка на оружје коишто во Украина ги испорачувале САД и европски земји, како и дека е уништена пистата на воениот аеродром во близина на големиот црноморски пристанишен град Одеса, преку кој била довезувано западното оружје за украинските сили.
Руското министерство за одбрана објави дека ударот врз аеродромот крај Одеса бил изведен до високопрецизните проектили „Оникс“. Регионалниот гувернер на украинските влати, Максим Марченко, пак, рече дека станувало збор за проектили „Бастион“ лансирани од полуостровот Крим.
Руското министество за одбрана, исто така, објави дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта две укарински бомбардери од моделот „Су-24М“ над Харковската област.