Русија одговори со суспендирање на работата на својата дипломатска мисија во НАТО

Од почетокот на ноември Русија ќе ја суспендира работата на својата постојана мисија во НАТО по одлуката на Алијансата да ги укине акредациите за осум вработени во дипломатската мисија во Брисел, соопшти во понеделникот на прес-конференција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Како резултат на насочените чекори од страна на НАТО, немаме соодветени услови за елементарна дипломатска актуиност и како договор на дејствијата на НАТО ја прекинуваме нашата постојана мисија во НАТО, вклучителни и работата на главниот воен претставни, веројатно од 1-ви номеври или за тоа ќе бидат потребни уште неколку дена“, изјави Лавров.

„Штотуку денеска ги објвивме таквите чекори (на одговор). Меѓународниот секретаријат на НАТО веќе е известен“, додаде шефот на руската дипломатија.

Покрај тоа, ќе бидат сиспендирани и активнсотите на воената мисија за врски на НАТО во Москва, а акредитациите за нејзините службеници ќе бидат повлечени на 1-ви ноември. Исто така, ќе биде запрена и работата на Канцеларијата за информации на НАТО во Москва која е вопоставена во рамките на амбасадата на Белгија.

„Доколку во НАТО се јават итни работи, ќе можат да се обратат за тие прашања до нашиот амбасадор во Белгија“, додаде Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека Москва нема да продожи да се преправа дека се можни какви и да се промени во односите со НАТО во иднина.

„НАТО не е заинтересиран за каков и да е рамноправен дијалог, ниту за соработка. Доколку тоа е така, тогаше не гледаме голема потреба да продлжиме да се преправиме дека се можни какви и да се промени во догледна иднина, бидејќи НАТО веќе објави за невозможноста за такви промени“, рече Лавров кого го цитира агенцијата ТАСС.

Алијансата претходно соопшти дека ги укинала акредитациите на осум службеници во руската постојана мисија во Брисел под обвинение наводно за разузнавачка дејност, и го преполови бројот на издадени акредитации надесет.

Притоа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, апелираше односите со Русија да се одржат, со цел да се избегне нова Студена војна. Последен пат релациите меѓу Русија и НАТО беа доста влошени во 2014 година по превратот во Киев со поддршка на главните земји во Алијасната, поради што доминантното руско население на црноморскиот полуосторв Крим со два референдума ја врати автномијата која во 1990-те му ја укина Украина и изгласа присоединување на Руската Федерација. што за Западот е нелегално руско анектирање на украинска територија.

Но според Лавров, одлуката на НАТО за укинување на акредитациите не ѝ била објаснета на Москва и оти „нема веќе да прави привид дека во блиска перспектива за можни какви и да се промени во меѓусебните односи“.