AstraZeneca во Русија ќе ја спроведе третата фаза од клиничките испитувања на вакцината против Covid-19

Британско-шведската фармацевтска компанија „ AstraZeneca“, која ја развива вакцината против новиот коронавирус задно со научниците од британскиот Универзитет Оксфорд, доби дозвола од министерството за здравство да ја спроведе третата фаза од клиничките испитувања на својот препарат во Русија.

Соодветните информации во петокот беа објавени на веб-страницата на државниот регистар на медицински препарати на руското министерство за здравство.

„Целта на клиничкото истражување е да се процени безбедноста и имуногеноста на препаратот AZD1222 за профилактија на новата нереплицирачка векторна вакцина ChAdOx1 за короновирусна инфекција Covid-19 кај возрасни лица“, се наведува во известувањето.

Според податоците објавени во регистарот, во истражувањето учество ќе земат 150 лица. Постапките ќе бидат спроведувани во четири институции во Санкт Петербург и во Москва.