Русија одобри паралелен увоз на автомобилски делови

Руските власти го објавија списокот на стоки за паралелен увоз, кој опфаќа повеќе од 50 категории.

Списокот опфаќа над 50 групи на стоки потребни за индустријата и за потрошувачите.

Поточно, списокот се состои од растенија, фармацевтски производи и козметика. Списокот на стоки дозволени за паралелен увоз не опфаќа одредени брендови популарни во Русија, како „Garnier“, „L’Oreal“, „Maybelline“, „NYX“ и други.

Паралелен увоз на облека, покривки, обувки, ткаенини, крзна и кожни производи е дозволен без ограничување по брендови.

Списокот содржи одредени автомобилски компоненти и резервни делови и речиси сите западни автомобилски марки како „GM“, „Chevrolet“, „Mitsubishi“, „Renault“, „Tesla“, „Honda“, „Nissan“, „Land Rover“, „Mercedes-Benz“, „BMW“, „Volkswagen“, „Skoda“, „Audi“, „Toyota“, „Lexus“, „Suzuki“, „Volvo“ и други.

На листата се и музички инструменти, аеродромска опрема, опрема за снимање звук и ТВ, чамци, железнички локомотиви и други предмети.