Русија отвора привремени болници, Иран соборува „корона рекорди“

Земјите ширум светот се соочуваат со голем број на нови случаи на зараза со коронавирусот, вклучително и Русија која во понеделникот отвора провремени болници за да бидат прифатени сите со потешки форми на Covid-19.

Во понеделникот Русија објави за 22.778 новозаразеи со коронавирусот, што е нова рекордна бројка. Во земјата со 145 милионско население, провремени болници се отвораат во повеќе градови.

Во Москва една од таквите болници е подигната во преадаптирано лизгалиште „Крилатско“, сала во која се одржуваат натпревари во брзо лизгање. Во оваа сала се поставени дополнителни 1.300 болнички кревети со боци и со кислород и ЦТ-уреди, а за пациентите ќе се грижат повеќе од сто лекари и медицински сестри.

„Многу добри се подготвените“, рекол за медиумите главниот лекар Андреј Шкода.

И покра постојаниот раст на заразените, Русија засега не планира воведување мерки за затворање на целата земја како пролетва. Регионалните власти одлучуваат според локалните ситуации, па така сибирскиот регион Бурјатија на све седмици реши целосно да ги затвори угостителските локали и рестораните, како и продажните центри и јавните установи.

Во Русија од почетокот на епидемијата во февруари досега со коронавирусот се заразиле 1.948.603 лица, а починале 33.489.

 

Иран, исто така, во понеделникот постави нови неславни рекорди со 13.053 новозаразени и 486 починати во последните 24 часа. Досега во земјата со коронавирусот се заразиле вкупно 775.120 луѓе, додека бројот на починатите се искачи на 41.979 луѓе.

Со тоа Иран е најпогодената блискоисточна земја во пандемијата на короанвирусот. Поради тоа владата во Техеран најави воведување построги епидемиолошки мерки во престолнината и во другите поголеми градови од 21-ви ноември, а мерките на сила ќе бидат две седмици.

 

Чешка информираше дека во неделата регистрирала 1.887 нови случаи на заразата, што е најниска бројка од 40ти октомври, а министеството за здравство извести за нови 140 смртни исходи,. Севкупниот број починати е 29-ти октомври досега се удвоил и во моментов изнесува 6.208 смрти исходи од Covid-19. Од почетокот на епидемијата во март, во Чешка со коронавирусот се заразила 460.116 нејзини граѓани.

 

Швајцарија во последните три дена регистрирале 12.839 новозаразени, објавија во понделникот здравствените власти. Швајцарија и микро-државата Лихтенштајн досега забележалее заедно 269.974 заразени, а бројот на починати се зголемил на 3.158 лица.

 

Франција, којашто пикот на заразата со 86.852 случаи во еден ден го забележа на 7-ми моември, откако девет дена веќе беше „затворена“, забележа силен пад на новите зарази на просекот од 27.786 случаи во последните седум дена. Франција влезе во новиот „локдаун“ на 30-ти октомври и таа би трабало да рае до почетокот на декември.

Но и покрај охрабрувачките податоци, францускиот министер за здравство, Оливие Веран, порача дека е прерано да се прогласи победа во борбата против пандемијата.