Русија отвори постапка против новинар на CNN за „нелегално преминување“ на границата

Руската безбедносна служба Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот соопшти дека отворила кривична постапка против новинар кој работи за CNN, за кој рече дека без дозвила и илегално ја преминал руската граница и престојувал во зона на борбени операции каде снимал „пропаганден пролог“ во регионот Курск по прекуграничниот упад на Украина.

ФСБ го именуваше новинарот како Ник Патон Волш, британски државјанин кој работи како главен дописник за меѓународна безбедност на CNN.
Се вели дека ФСБ отворила слични случаи и против двајца украински новинари.

„Во текот на овој конфликт, нашиот тим обезбеди фактички, непристрасно известување што ги покрива и украинските и руските перспективи на војната. Нашиот тим го повика украинската влада, заедно со други меѓународни новинари, во придружба на украинската војска за да ја види територијата што неодамна ја зазема. Ова е заштитена активност во согласност со правата на новинарите според Женевската конвенција и меѓународното право“, тврди во изјавата портпаролот на американската телевизија CNN.

Новинарите патувале со украински воен конвој од Украина до Суџа, каде што според нивните прилози наишле на речиси напуштен град со само неколку десетици постари жители. Од друга страна, руската војска, тврди се водат борби во овој мал град во близина на украинската граница има важност како јазол преку кој во центрелна Европаво прв ред Унгарија и Словачка сем испорачува руски гас.

ФСБ во соопштението наведе дека Москва наскоро ќе издаде меѓународна потерница во врска со случаите на тројцата новинари. Максималната казна за секој што ќе биде прогласен за виновен за нелегално преминување на границата е пет години затвор, се наведува.

Москва во протестот се повикува на извештаите на весникот The Washington Post и телевизијата CNN, наводно од рускиот пограничен град Суџа, за кој Киев тврди дека го контролира, додека руската војска негира. Според извештајот на CNN, новинари со украински воен конвој пристигнале во Суџа од Украина, каде наишле на речиси напуштен град во кој останале само неколку десетици постари жители. Новинарска екипа наThe Washington Post, наводно пристигнала со украинските војници во саботата во Суџа и интервјуирала „десетици руски цивили и украински војници“.

Руското Министерство за надворешни работи ја повика во вторникот вршителката на должност амбасадорка на САД во Москва протестирајќи против учеството на припадниците на американска приватна компанија во операциите на украинската војска во јужниот руски регион Курск, како и нелегалното престојување на американски новинари во областа на воени дејствија за што е потребна согласност од руските органи.

Ненадејиот упад на Украина во Курск, најголемиот во Русија од страна на странска сила од Втората светска војна, започна на 6 август кога илјадници украински војници ја преминаа западната граница на Русија. Русија, која сè уште се обидува да ги потисне украинските сили од Курск, во четвртокот соопшти дека се преполовени украинските баталјони во областа, како и дека нејзините војници го одбиле обидот на украинските сили да ја преминат границата и во областа Брјанск.