Заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова, соопшти дека е развиена назална верзија на вакцината против корона вирусот „Спутник“.
Оваа вакцина исто така ќе биде двокомпонентна, но ќе се зема во форма на спреј и ќе може ја даваат само лекари.
-Тоа е истата двокомпонентна вакцина „Спутник“, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува два пати – соопшти Ракова.
Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, како и дека таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние луѓе за кои не е препорачливо да примат традиционална вакцина.