Русија во вторникот објави дека е подготвена да се врати во Договорот за отворено небо, доколку тоа го сторат и САД кои истапија од овој меѓународниот договор за контрола за вооружување, истакнувајќи дека нема „бескрајно да чека“ на одлуката на Вашингтон.
„Ја оставаме вратата отворена. Меѓутоа, нашите колеги во Вашингтон и во другите главни градови на земјите членки на НАТО мора да сфатат дека нема бескрајно да чекаме“, изјави за агенцијата РИА заменикот руски министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Според него, постапката за истапување од договорот која Москва ја започна и која сѐ уште трае, ќе биде завршена „доколку САД во меѓувреме не нѐ известат за својата подготвеност повторно да ги прифатат одредбите од договорот“.
Рјабков не кажува колку Русија е подготвена уште да чека на американскиот одовор пред да го доврши процесот на своето повлекувањето од Отворено небо.
Русија кон средината на јануари објави дека се повлекува од договорот Отворено небо кој овозможува надозрни прелети на земјите потписнички на договорот, откако од другите земји членки на НАТО не добила гаранции дека доверливите податоци нема да бидат достапни за САД кои претходно минатата 2020 година објавија дека се повлекуваат од него. Конечното повлекување на Русија ќе настапи шест месеци откако официјално ги извести за тоа другите земји потписнички на договорот, освен доколку во меѓувреме не добие информации кои може да ја предомислат.
Договорот Отворено небо овозможува контрола на воените движења во една земја и надзор на придржувањето на ограничувањата за распоредување на стратешките вооружувања на земјите потписнички, преку надзорни прелети на териториите на некои земји. САД уште во мај 2020 година најавија истапување од овој договор, обвинувајќи ја повторно Русија дека наводно го прекршувала.
Русија изрази притоа загриженоста дека САД, и покрај повлекувањето што подразбира дека над нејзината територија нема да се изведуваат вакви надзорни прелети, ќе имаат и натаму присап до разузнавачки податоци за прелетите кои ги собираат американските сојузници кои остануваат потписнички на договорот. Москва се обидуваше од другите држави потписнички, особено од западните земји да добие гарабнции дека разузнавачките податоци собрани на овој начин нема да бидат споделувани со Вашингтон, но досега не добила такви уверувања.
Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден последните седмици направи чекори за повторно прилагодување на одредени меѓународни договори од кои САД истапија под администрацијата на порашениот претседател Доналд Трамп. Така Вашингтон во последен момент во јанури го продолжи воажнипт договор START-3 за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување потпишан со Русија.
За договорот
Договорот „Отврено небо“ го предложил уште во 1955 година тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер. Поптишан е во 1992 година, а неговата примена започна во 2002 година, од страна на 35 земји кои дозволуваат на невооружени трански летала надзор над нивната територија. Заедно со изготвување на Договорот за конвеционалните вооружени сили во Европа и Виенскиот документ од 1999 година, со стапувањето на сила на догворот „Отворено небо“, беше речиси заокружен процесот на градење доверба и транспарентност во сферата на конвенционалното оружје во евроатлантскиот регион.
Во практична смисла, овој договор им дава право на земјите потписнички да изведуваат набљудувачки летови над териториите на другите земји за следење на воените активности во согласност со договорените во него и договорените квоти на набљудувачките мисии. Договорот ги регулира летовите, го дефинира механизмот за следење на усогласеноста со договорот, содржи брања за типот на авионите, ограничувања во составот и техничките параметри на опремата за надзор.
Членки на договорот покрај САД и Русија, се Белорусија, Белгија, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Данска, Канада, Чешка, Естонија, Финска, Гранција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Лускембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Хрватска, Шведска и Шпанија.