Русија порача дека „деструктивните“ санкции нема лично да му наштетат на Путин, нови маневри

Русија предупреди во средата дека воведувањето на санкции за рускиот претседател Владимир Путин, како и за челните функционери во ресорите на надворешни работи и одбрана, на него не би влијаело лично, но дека би било „политички деструктивно“ и дека како преседан во меѓународните односи би можело да води до целосно прекинувањео на односите меѓу Москва и Вашингтон.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот се закани дека личните санкции за рускиот колега по должност Владимир Путин, иако тоа е речеиси непознат потег, би можел да ги разгледа како дел од усогласените настојувања на САД и сојузниците да ја убедат Русија дека наводна каква и да е нејзината агресија врз Украина ќе дојде со „моментални и големи последици“.

Портпарокот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата изјави дека американските конгресмени кои расправаат за личните санкции против највисоките руски функционери забораваат дека ним им е законски забрането да поседуваат имоти и банкарски сметки во странство.

Индивидуалните санкции против Путин „не би биле болни, туку политички деструктивни“, рече Песков кој и уште порано предупрди дека тоа би довело до прекин на дипломатските односи меѓу двете земји.

 

Нормандиски разговори

Функционери во Франција, Германија, Русија и Украина започнаа во Париз разговори за судирот во Донбас,

Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, ги опиша разговорите како „силен сигнал кон мирот во источна Украина“. Но додаде дека наводно доаѓа до поголемо кршење на примирјето и повторно ја отфрли можноста за директни разговори со бунтовниците во доминатно руските региони кои исто така го обвинуваат силите под контрола на Киев за нарушување на примирјето и за подготовка за офанзива.

Преговорите во ткн „Нормандиски формат“, кои не се одржани повеќе од шест месеци, европските сили ги сметаат за клучни за тоа да останат релевантни во поширокиот дијалог со Русија. САД и НАТО, пак, водат одвоени преговори со Москва којашто порача дека не се противи Вашингтон да земе учестви и во ткна „Нормандиски формат“.

Француските функционери се надеваат дека ќе биде постигнат одреден напредок кој би помогнал во пошироките напори за намалување на тензиите.

Неименуван функционер од кабинетот на францускиот претседател изјави дека целата била да се одреди датум за разговори за хуманитеани мерки и ослободување на затворениците, кои потоа би биделе до преговори за иднината на регионот Донбас. Но наведува, пренесува AFP, дека стварнсота е таква што разговорите во Париз ќе бидат насочени на тоа да се одрееди колку Русија е „сериозна“.

„Или претседателот Путин ќе оди на максимална тензија со нас, што значу дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок во нормандиските разговори, или да се оцени дека е корисно, во овој период на голема нестабилност, да се користи овој формат за намалување на тензии“, рекол функционерот кој барал анонимност.

Руските медиуми во средата објавија дека воздушно-десантна единица е дислоцирана во Белорусија, што го потврди министерството за одбрана, ден по распоредувањето на артилериски сили и маринци пред почетокот на заедничките маневри на двете земји подоцна во феврауари.

Русија, исто така, префрлува во Белорусија и борбени авиони од типот „Су-35“ за заедничките воени вежби „Заедничка решителност“. Истовремено дека повеќе од 20 руски борбени пловила од северната флотила отпловиле на маневри во Црното Море, јужно од Украина. Истовремено и артилериски сили во областа на Ростов, која граничи со Украина, а во среда ќе увежбуваат гаѓања во рамките на проверката на борбената подготвеност на Јужниот воен округ, соопшти министерството за одбрана.