
Русија ги отфрли заканите од Германија дена нема да дозволи да проработи гасоводот Северен тек 2 доколку се случи наводната „руска инвазија“ врз Украина.
„Прашањето за гасоводот не требаше да се драматизира. Никој нема да ја нападне Украина“, вели заменикот на рускиот министер за надвирешни работи Сергеј Рјабков во интервјуот обајвено во петокот во надворешнополитичкото списание Международная жизнь.
Рјабков притоа го обвини Западот дека гасоводот Северен тек 2 со кој се удвојуваат испораките на природен гас од Русија директно во Германија вреден десетици милијарди евра го користи како „адут во преговорите“ и „средство за притисок“ врз Москва.
„Ним не им е гајле колку се високи цените на гасот во Европа. Подготвени се да плаќаат од својот џеб, покажувајќи ја својата ‘атлантска солидарност’ во борбата против Москва“, вели Рјабков мислејќи на политиките на западните земји.
Новата германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок од Зелените, позната по застапувањето на неолиберланите ставови под маската на зелената агенда, изјави дека доколку Русија изведе напад врз Украина, ќе го забрани работењето на споменатиот гасовод.
Покрај тоа, Бербок за јавната информативна мрежа ZDF изјави дека САД и претходната влада на Германија разговарале наводно за тоа „дека во случај на натамошна ескалација овој гасовод повеќе не би можел да биде споен на мрежата“, алудирајќи на тензиио на границата меѓу Русија и Украина.
Со седмици наназад извештаите за наводните руски подготовки за инвазија врз Украина предизвикаа политичко-воени тензии слични на нуклеарната Кубанска криза пред шеест години. Европската унија и НАТО ѝ се заканија на Русија со „тешки последици“ во случај на воена ескалација, за што Москва оценува дека е цел на властите во Киев поддржани од Вашингтон.
Русија повеќепати повика НАТО да престане да се шири кон нејзините граници и за провокациите предизвикани од континуираните масовни воени вежби во земјите во источна Европа со кои граничи.
Евентуалното вклучување на Украина и Грузија во НАТО и распоредувањето на ракетни системи близу руските граници се „руските црвени линии“ и Москва ќе биде присилена соодветно да одговори, повеќепати деновиве предупредија руските челници укажувајќи дека со таквите чекори на Алијансата се закана за стабилноста и безбедноста на Европа.