Русија порача дека ширењето на НАТО претставува неприфатлива закана за безбедноста

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко изјави во средата во Брисел дека континуираното проширување на НАТО од крајот на Студената војна кон границите на Русија претставува неприфатлива закана за нејзина безбедност, особено поради амбциите на украинските власти во Киев да се вклучат во овој воен сојуз.

Грушко на прес-конференцијата во Брисел по состанокот на Советот НАТО-Русија повтори дека Москва бара правно обврзувачки договор за неширењето на Алијансата кон руските граници, нераспоредување на воени контигенти и стационирање стратешко оружје во соседните земји, и предупреди дека тоа ќе предизвика одговор од Москва и тоа севкупно ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во Европа.

„Тоа нема да го дозволиме. Проширувањето на НАТО нема да реши ниеден безбедносен проблем“, рече Грушко.

Оцени дека разговорите со НАТО биле неопходни и отворени, откако генералниост секретар Јенс Столтенберг претходно во средата порача дека Алијанската нема намера да одбива земји кои се амбицирани да станат нејзини членки а Русија нема право на вето и да бара тоа да го спречува.

„Мислам дека (овој состанок) беше апсолутно неопходен. Прво, се случи извесно раздвижување. Да не се случеше оваа средба, немаше да можеме да ги поставиме овие прашања во целост, тие секогаш некако беа во втор план, но на начинот на кој се развиваше состанокот денеска, не се сеќавма на таква искреност и острина“, изјави Грушко.

Според рускиот дипломат, состанокот во средата овозможил и подобро да се разберат позициите на двете страни.

„Ова беше апсолутно неопходен разговор, којшто ни помогна да разбереме кој е на какви позиции и со каков предизвик треба да се справиме“, рече Грушко.

Рускиот дипломат истакна дека Москва не може сериозно да го сфати тврдењето на НАТО дека воен блок не ѝ претставува закана, како и дека Русија ќе ги користи воените средства за неутрализирање на заканите за нејзината безбедност доколку дипломатските средства се покажат недоволни.

„Ние имаме апсолутно прагматичен став. Долго време му предлагавме на НАТО да бидат обновени контактите по воена линија, да започне професионалната работа на спречување опасни воени инциденти. Секогаш ни беше одговарано дека тоа не е можно поради политичките одлуки (од 2014-та)“, рече рускиот земеник на шефот на руската дипломатија.

Советот НАТО-Русија беше воспоставен во мај 2002 година како механизам за консултации и соработка во однос на глобалните безбедносни предозвици. Но по превратот во Украина во март 2014 година кога со поддршка на Западот беше соборена проруската влада во Киев поради што доминатно рускиот црноморски полусотров Крим си ја поврати укинатата автономија и ѝ се приклучи на Руската Федерација, двете страни ги суспендираа активностите во Советот. Сепак, ги оставија отворени комуникациските канали, а од 2016 до 2019 година беза одржани неколку состаноци, но минатата година кога НАТО им ги повелече акредитациите на десетина руски дипломати во постојаната мисија на Русија во седиштето на Алијансата во Брисел, Москва одговори идентчно и одезема акредитации на западни воени дипломати поради што практично го оневозможува функционирањето на канцеларијата во Москва.

Грушко рече и дека состаноткот на Советот НАТО-Русија открил голем број несогласувања за клучните прашања.

„Разговорот беше многу искрен, директен, длабок, интензивен, но истовремено откри голем број разлики за фундаменталните прашања. А едно од главните прашања е тоа што НАТО селективно го разбира принципот на неделивост на безбедноста. За НАТО тој постои само за членките на Алијансата, а НАТО нема намера да ги земе предвид безбедносните интереси на другите земји“, укажа Грушко и додаде дека денеска немало никакво позитивно заедничко придвижување.

Грушко рече дека дека земјите на НАТО треба да ја земат предвид улогата на Русија како гарант на мирот во евроатлантскиот простор, доколку искрено се насочени на соработка.

„Доколку земјите од НАТО навистина сакаат да соработуваат со нас, треба да ја земат предвид многу важната улога на Русија како земја којашто го гарантира мирот на огромниот евроатлантски простор, која дава апсолутно критичен придонес за одржување на мирот и стабилноста во овој регион“, рече Грушко.

Потсети дека интервенциите на Русија повеќепати овозможиле избегнување или запирање на вооружени конфликти.

„Граѓанските војни во Таџикистан, Абхазија, Јужна Осетија, Приднестровјето, Нагорно Карабах, сето тоа се примери кога руската интервенрција овозможи воспоставување мир, овозможи военото сценарио да се претвори во барање политички решенија“, рече Грушко.

Рускиот дипломат додаде дека целиот историјат на НАТО, пак, „историјат на војни и интервенции“. Грушко рече и дека Русија очекува да се најде излез од кризата во односите со НАТО врз основа на рамнотежа на интересите.

„Мислам дека успеавме да им пренесеме на членките на Алијансата дека ситуацијата станува неподнослива и дека во одреден момент ризиците поврзани со продолжувањето на сегашниот курс на НАТО може да ги надмине придобивките коишто тие денес сакаат да ги извлечат од следењето на вообичаената мантра на НАТО за тоа дека иднинаната за безбедноста во Европа и евроатлантскиот простор мора да биде натоцентристична, дека со текот на времето европската безбедност ќе се состои од глобусот на НАТО – во центарот е НАТО, партнерството и сите кои сите кои играат по правилата кои ги поставуваат во Брисел“, рече Гришко.

Претходно на засебна прес-конференција, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг рече дека „невистинит“ е рускиот став дека проширувањето на Алијансата е акт на агресија, бидејќи според него НАТО е „одбранбена организација која ја шири демократијата“.

„НАТО е одбранбен сојуз, никогаш не сме принудиле никого да се приклучи на нашата организација. Идејата дека проширувањето на НАТО во моментов е чин на агресија не е точна. Проширувањето на НАТО беше и останува камен темелник на слободата и демократијата во Европа“, инсистираше Столтенберг.

Директно алуирајќи на оваа изјава, рускиот дипломат оцени дека таквата перцепција ќе биде надмината и повтори дека Русија бара излез од кризната ситуација преку дијалог.

„Мислам дека денеска многумина сфатија дека на оваа приказна порано или подоцна ќе ѝ дојде крајот, а тој мое да изгледа и сосема поинаку. Ние сме за изнаоѓање излез од оваа ситуација преку мирни средства, повторно, врз основа на разумен баланс“, рече Грушко.

Без да се задржува на ситуацијата околу Украина, за што изминативе месеци меѓусебно се обвинуваат Западот и Русија, а на што значителен дел од својата прес-конференција посвети Столтѕенберг, Грушко уште еднаш истакна дека натамошното проширување на НАТО е поврзано со сериозни ризици за евроспката безбедност.

„Ние, исто така, тргнуваме од премисата дека рационалните интереси за зајакнување на европската безбедност бараат јасно разбирање дека натамошното проширување на Алијансата е исполнето со ризици кои ќе ја надминат секоја одлука за натамошно проширување“, повтори Грушко.