Русија поради пандемијата од понеделник ги редуцира летовите кон и од ЕУ

Руските власти во петокот соопштија дека од понеделникот ќе го редуцираат бројот на воздушните линии од земјата кон членките на Европската унија, за да го сопре ширењет на пандемијата од новиот тип коронавирус.

Органичувањета се воведуваа за да се „гарантира безбедноста на земјата, да се заштити здравјето на населението и да се спречи ширењето на зразата која во Русија ја предизвикува новиот коронавирус“, се наведува во соопштението на руските санитарни власти.

Донесена е долука привремено да се ограни воздушниот превоз на патнциите, од 16-ти март во полноќ по московско време, 22 часот по македонско време, се додава во соопшштението.

Со овие рестриктивни мерки е опфатен и воздушниот сообраќај со Норвешка и со Швајцарија. Меѓутоа, летовиет меѓу главните градови на земјите во ЕУ и Москва се изземени од овие мерки, како и летовите меѓу Москва кон и од Осло и Женева,,

Според руските медиуми, воздушниот сообраќај меѓу Москва и дестинациите во Обединетото Кралство нема да бидат изменети.

Русија забележа 45 случаи на зараза со Covid-19, но ниеден смртен случај, според последните официјални резултати објавени во петокот. Претходно Русија ја затвори границата со Кина и ги ограничи доаѓањата од Иран и Јужна Кореја, за да го спречи ширењето на коронавирусот.