Руската безбедносна служба ФСБ денеска соопшти дека иницирала кривични случаи против новинари поради нелегално преминување на границата.
ФСБ наведува дека новинарите се товарат поради нелегално преминување на границата и влез во руската област Курск, што е под контрола на Украина.
Постапка е поведена против новинари од Си-ен-ен, од РАИ и двајца украински новинари и наскоро против нив ќе биде распишана меѓународна потерница.
За нелегално преминување на границата, во согласност со руските закони, предвидена е казна затвор до пет години.