Русија повторно ги надминала САД во испораките на гас за ЕУ

Врз основа на резултатите од третиот квартал, Русија повторно ги престигна САД во однос на испораката на гас за Европската унија, притоа заземајќи го максималниот пазарен удел во девет квартали, според анализата на минатонеделните податоци на аналитичката компанија Bruegel.

Во овој период, Русија испорачала 13,3 милијарди кубни метри гас на европскиот пазар, во споредба со 13 милијарди во претходниот квартал и 11,5 милијарди една година порано. Како резултат на тоа, уделот на руските компании во европскиот увоз се зголемил на 19,4 од 17,2 отсто во периодот април-јуни, достигнувајќи го највисокото ниво од вториот квартал на 2022 година.

Русија главно испорачувала гас преку цевководи: испораките преку овие системи се зголемиле за 8 отсто во наведениот во квартал и за речиси 13 отсто во текот на годипно ниво – на 8,6 милијарди кубни метри. Обемот на извозот на течен природен гас (LNG) во последниот анализиран квартал изнесувал 4,7 милијарди кубни метри, што е за 6 проценти помалку од нивото од април-јуни, но за 21 отсто повеќе од третиот квартал од минатата 2023 година.

Истовремено, Соединетите држави ги намалиле испораките на LNG за една четвртина во третиот кварталот и за една третина на годишно ниво, на 9,5 милијарди кубни метри. Како резултат на тоа, втор квартал по ред, САД станаа третиот главен снабдувач на гас во Европската унија, а Русија стана втор.

Норвешка останува лидер во извозот на гас од третиот квартал на 2022 година со 21,7 милијарди кубни метри во јули-септември. Во исто време, за трите минати месеца годинава оваа земја го намалила обемот на снабдување за 9 отсто, но и натаму тоа е 5 отсто повеќе од истиот период лани.

Меѓу првите пет главни снабдувачи со гас на ЕУ во третиот квартал се вклучени и Алжир, кој за три месеца го намали снабдувањето за 1 отсто на 7 милијарди кубни метри, како и Велика Британија, која ги зголемила за речиси 40 проценти на 5,1 милијарди кубни метри .

Кон крајот на семтември беше објавено дека САД во јули остро го намалиле извозот на течен природен гас во Европската унија, во заднината на тоа што приходите на американските добавувачи паднале на најниско ниво од 2021 година. Главната причина за падот е преориентацијата на залихите кон азискиот пазар.