Русија во средата ги отфрли како неосновани обвинувањата од американската разузнавачка заедница дека рускиот претседател Владимир Путин наводно се обидел да влијае врз американските претседателски избори во полза на поранешниот аерикански претедател Доналд Трамп.
Авторите на извештајот на 15 страници за наводното влијание врз изборите кои во вторникот го објави канцеларијата на новименуваната директорка на Националната разузнавачка агенција, тврдат дека „сојузниците“ на поранешниот претседател Доналд Трамо работело за Москва кога наводно ширеле тврдења против демократкикот кандидат Џо Бајден преку луѓе поврзани со Русија за да влијаеле врз изборите на 3-ти ноември 2020 година. Всушност, станува збор за тврдења во рамките на новите напади врз Трамп, откако демократите не успеаја да издејствуваат да му биде забрането да се кандидира во иднина за која и да е избрана долќнсот, откако тој навести дека поактивно ќе се вклучи во политиката. Исто така, на новата администрација во Вашингтон ѝ е потребна и нова причина за воведување нови санкции против Русија, особено во обидите конечно да се саботира работата на гасоводот Северен тек 2 со кој неколкукратно ќе се зголеми извозот на руски гас во Европа.
„Дикументот на американската разузнавачка заедница е новиот во низата неосновани обвинувања дека нашата земја се вмешала во американскиот внатрешен политички процес“, објави руската амбасада во САД на своите мрежни страници.
„Заклучоците од извештајот за тоа дека Русија спроведувала операции за да влијае врз настаните во Америка ја потврдуваат самоувенераната ароганција на нивните разузнавачки служби. Не се изнесени никакви факти или спефифични докази“, додава руската дипломатска мисија во Вашингтон.
Американската телевизиска мрежа CNN во вторникот обајви дека САД ќе претставап нови санкции против Русија уште следната седмица поради наводните обиди да се вмеша во американската претседателска капања во 2020 година.
Аериканските разузнавачи тврдат дека на изборите се обиделе да влијаат и Куба, Венецуела и линанскот шиитско движење Хезболах, иако тие обиди биле „поали“ отколку оние на Иран и Русија.
Американската разузнавачка заедница и поранешниот слецијален обвинител Роберт Мјулер по три години истрага во 2019 година објавија извештај во кој заклучиле дека Доналд Трамп не бил поврзан со Русија, но и тогаш без наведување ниеден конкретен факт или доказ твреда дека Москва наводно влијаела на кампањата за претседателските избори во 2016 година во негова полза, напаѓајќи ја демократската противкандидатка Хилари Клинтон.