Русија повторно го употреби моќното оружје во Украина, убиени 100 странски платеници

Руските воздухопловни сили извршиле ракетен напад врз центар за обука на украинските специјални сили кој сега служел за сместување на странските платеници, а истовремено е потврдено дека втор ден со ред се употребени хиперсоничните проектили „Кинџал“ и крстосувачки ракети „Калибар“ истрелани од акваториумите на Црното и Каспиското Море врз воени цели во Украина.

„Од водите на Каспиското Море, со крстосувачки ракети ‘Калибар’, како и со хиперсоничните авиобалистички ракети ‘Кинџал’ од воздушниот простор над Крим, уништена е голема база за складирање горива за оклопните сили на украинската војска во близина на селото Константиновка во Миколаевската област“, изјави на брифингот во Москва, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Според него, од таа база биле изведувани најголемите доставувања на горива за украинските оклопни сили кои учествуваат во борбените операции во јужна Украина. Исто така, додаде Конашенков, со проектилите „Калибар“ од акваториумот на Црното Море бил гаѓан заводот во Нижин за поправка на оклопни возила кои биле ошетени во борбените операции.

Војната во Украина е првиот судир во кој Русија, и воопшто во светот, го употреби новиот вид вооружување – хиперсоничните проектили.

Конашенков информираше и дека руските војски со оружје со голема прецизност ја нападнале базата на странските платеници во областа на градот Житомир на северот од западна Украина.

„Со проектили од воздух со голема прецизност го погодија центарот за обука на специјалните сили на украинската војска, каде се сместени странските платеници кои пристигнале во Украина…“, рече Конашенков.

„Уништени се повеќе од 100 припадници на украинските специјални сили и странски платеници“, рече портпаролот на руското министество за одбрана.

Минатата недела руското министерство за одбрана објави дека руските воздухопловни сили со високопрецизно оружје во Меѓунардниот центар за мир и безебедност Јаворив, на 25 километри од границата со Полска, кој порано бил центарот за обука на укранската војска се убиени 180 странски платеници и уништени големи количества вооружување коешто го испорачале западните и други земји.

Во вторникот руското министерство за одбрана предупреди дека западните влади кои ги охрабруваат своите граѓани да се пријават за војната во Украина ќе бидат одговорни за нивната смрт, порачувајќи дека се познати сите локации на кои се сместени тие и ветувајќи дека ќе продолжат со нападите како оној што ја уништи базата Јаворов и нема да покажуваат милост кон платениците.

Конашенков во продолжение истакна дека изминатата ноќ дека во операциите на руската авијација биле уништени 62 воени цели во Украина. Прецизираше дека меѓу нив се три командни центри, еден повеќецевен ракетен систем, две складишта за ракетно и артилериско оружје, како и 52 локации на кои била концетрирана воена техника.

Исто така, додаде Конашенков, со артилериски оган биле уништени и шест укранси мобилни системи за електронско војување, како и дека руските системи за противвоздушна одбрана минатата ноќ собориле еден хеликоптер „Ми-8“ на украинските воздухопловни сили, шест укриански беспилотни летата, од кои едно е „Bayraktar TB-2“ од турско производство. Додаде и дека на северот на Украина била соборена и украинска тактичка балистичка ракета од типот „Точка-У“.