Русија повторно предупреди на противмерки доколку Западот ги заплени приходите од нејзините смрзнати средства

Русија има „значителни количества“ западни средства на своја територија што би можеле да бидат предмет на противмерки доколку Западот ги заплени приходите од замрзнатите руски средства, повтори во средата портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. .

На самитот во Италија минатата седмица, челниците на земјите од групата Г7 конечно постигнаа согласност да ги запленат приходите од каматите од замрзнатите руски средства на Западот за да обезбедат заем од 50 милијарди долари кој ќе ѝ го дадат на Украина.

Русија, но и многу меѓународни финансиски експерти, тврда дека оваа акција е незаконска и ќе му се возврати на Западот, бидејќи ќе ја поткопа довербата во глобалниот финансиски систем.

„Нашата земја има значителни износи на западни фондови и средства кои се под руска јурисдикција. Сево ова може да биде предмет на руската политика на возвраќање. Се разбира, никој нема да ви ја открие природата на овие постапки на возвраќање. Но, арсеналот на политички и економски противмерки е широк“, одговори Захарова на прашање на новинарите на редовниот дневен брифинг во руското министерство за надворешни работи.

Бројни економисти, правници, адвокати и експертите велат дека една од најверојатните руски мерки ќе биде запленувањето на финансиските средства на странските инвеститори кои моментално се чуваат на специјални сметки „тип Ц“, кои се блокирани од пристапот од почетокот на војната, освен ако Москва не одлучи поинаку.

Најмалку 260 милијарди евра руски средства, како што се резервите на централната банка, се замрзнати под санкциите наметнати на Москва поради нејзината војна во Украина. Околу 190 милијарди се чуваат во „Euroclear“, финансиска институција со седиште во би ја чијашто челникчка уште во февруари предупреди дека таквите акции би ја поткопала довербата во западните и глобалните финансиски институции, како и дека би било заобиколување на меѓународното право.

Претставници на Европската унија за Reuters минатата седмица изјавија дека ЕУ може да обезбеди околу половина од заемот од 50 милијарди долари за Украина. Меѓутоа, италијанската премиерка Џорџа Мелони, домаќин на самитот на Г7, подоцна изјави дека приходите од запленетите руски пари ќе дојдат од САД, Канада, Велика Британија, а можеби и од Јапонија, како и дека членките на ЕУ засега нема да бидат директно вклучени.

Захарова рече дека Русија добила „директни сигнали“ од некои членки на групата Г7 дека нема да учествуваат во такви акции „бидејќи разбираат дека цената би била крајно болна“. Таа не ги именуваше земјите или не даде дополнителни детали за да го поткрепи тврдењето.

Москва повеќепати предупреди дека може да возврати со заплена на 280 милијарди евра западен капитал. Во извештајот објавен кон крајот на јануари, беа наведени податоци според кои вредноста на директните инвестиции на ЕУ, членките на Г7, Австралија и Швајцарија во руската економија на крајот на 2022 година изнесувале вкупно 288 милијарди долари.

Вредноста на инвестициите на земјите од ЕУ изнесувала 223,3 милијарди долари на крајот на 2022 година, а речиси половина од таа сума, односно 98,3 милијарди долари, официјално му припаѓа на Кипар. Поради поволните прописи, многу странци, меѓу кои и руски државјани, отворија сметки во Кипар. Следува Холандија со 50,1 милијарди долари инвестиции и Германија со 17,3 милијарди.

Меѓу петте најголеми европски инвеститори во руската економија е Франција со средства и инвестиции во вкупна вредност од 16,6 милијарди долари и Италија со 12,9 милијарди долари. Меѓу земјите од Г7, е наведена и е Велика Британија во групата водечки инвеститори со средства во Русија од 18,9 милијарди долари. Вредноста на американските инвестиции во Русија на крајот на 2022 година изнесувале 9,6 милијарди долари, јапонските 4,6 милијарди и канадските 2,9 милијарди долари.

Швајцарија и Норвешка обично донесуваат антируски мерки, а кон крајот на 2022 година вредноста на нивните средства изнесувала 28,5 милијарди и 683 милиони долари, соодветно.