Русија предупреди дека повлекувањето на САД од договорот „Отворено небо“ е удар за европската безбедност

Официјална Москва во четвртокот оцени дека САД со најавата за свое повлекување од Договорот за отворено небо и обвинувајќи ја Русија за наводно негово непочитување, ѝ „задале удар“ на европската безбедност, а Лондон реагираше дека останува приврзан на договорот.

„Повлекувањето на САД од овој договор не претставува само удар во темелите на европската безбедност, туку и во инструментите на постојната воена сигурност и битните безбедносни интереси на сојузниците на Соединетите држави“, изјави заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Александар Грушко.

Договорот „Отворено небо“ потпишан во 1992 а почна да се приоменува во 2002 година, им овозможува на 35-те земји потписнички да ги надлетуваат териториите на другите земји поради проверка на разместувањата на воените сили и опрема.

САД ја обвинуваат Русија дека наводно го прекршила договорот. Американскиот министер за одбрама Марк Еспер во март во Конгресот изјави дека „Русите со години мамат“. Меѓутоа, во светот преовладува оцената дека станува збор за стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од меѓународните договори, во прв ред од мултилатеркални, кои ги критукуваше и пред да влезе во Белата куќа, и да склучи нови за кои верува дека ќе бидат поповолни за САД.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, кусо на социјалните мрежи истакна во четвртокот дека Русија, исто така, во минатото веќе ги изнела своите забелешки на практикувањето на договорот од страна на САД.

„Ова не е билатерален туку мултилатерален договор. Вака избрзаната одлука ќе ги затече интересите на сите учесници без исклучок. Ништо не го спречува продолжувањето на разговорите за техничките прашања коишто САД денес ги претставуваат како руско кршење“, додаде Грушко и го обвини Вашингтон дека го уништил инструментот кој последните 20 години служел во интерес на мирот и безбедноста во Европа.

САД веќе ја обвинуваа Русија за наводно прекршување на договорот за копнените балистички проектили со среден дострел, на што Москва одговори со сателитски снимки и показатели од американскиот воен буџет дека за Вашингтон тоа е изговор за да го оправда својот развој на вакво оружје. Иднината на руско-американскиот договор START-3 склучен во 2010 година, кои истекува на почетокот од 2021 година, исто така е неизвесна. Тоа е последниот нуклеарен договор кој сѐ уште е на сила меѓу двете суперсили.

Истовремено во четвртокот вечерта претставник на британската влада порача дека Лондон останува посветен на Договорот за отворено небо, но оти ја разбираат загриженоста на САД кои се одлучија да се повлелат од него.

„Владата на Велика Британија беше известена за одлуката на сАД да се повлечат од договорот и ја разбираат нивната загриженост од непридржувањето (до договорот) на Русија. Велика Британија останува приврзана на договорот, но САД, нашиот најблизок сојузник, и ние продолжуваме да работите со нив за осигурување на нашата заедничка безбедност и просперитер“, изјавила за агенцијата ТАСС неименувана претставничка на британската влада.