Русија предупреди дека Украина цели врз нуклеарната инфраструктура

Руската државна корпорација за нукеларна енергија „Росатом“ предупреди во петокот дека нејзината нукеларна енергетска инфраструктура и натаму е цел на украински напади.

Гувернерот на рускиот регион Курск, Роман Старовојт, објави дека два украински дрона во петокот рано утрото го нападнале рускиот град Курчатов, а еден удрил во ненаселен објект предизвикувајќи нензачителни оштетувањата на фасадата. Нема настрадани луѓе, додава.

Нападот бил изведен во непосредна близина на нуклеарната централа Курск, на околу 70 километри од границата со Украина.

„Централата работи во нормален режим… Радијацијата во областа на Курската нуклеарна централа е на вообичаеното нормално ниво“, соопштија од централата.
Нуклеарната централа Курск е изградена во советското време и има идентични реактори како и нукеларката Чернобил.

Во петокот поради планирање терористички напад во Курск на 15 години затвор е осуден рускиот државјанин Рамазан Муртузов. Според истрагата, тој бил врбуван од украинската разузнавачка служба СБУ и во текот на истрагата признал дека терористичкиот напад требало да го изведе со експлозија во трговски центар или на железничката станица на Курск.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанина објави во петокот дека руската противвоздушна одбрана соборила дрон кој се приближувал и дека е соборен со електронски средсства близу градот Љуберци, југоисточно од руската престолнина.
Руските сили известија за првите напади со мали беспилотни летата на почетокот од мај, кога два дрона беа соборени над Крем љ без нанесување штета. Од тогаш леталата кои не се откриваат со радарските исстеми се честа појава над Москва.

Повеќето од нив ги соборува руската противвоздушна одбрана, но две неколку успеаја да удрат во висококатниците во деловниот кварт на Москва. Украина речиси никогаш не ја презема одговорнсота за нападите врз цели на руска територија, иако нејзините функционери често изразуваат задоволство и велат деа војната се преселила на територијата на Русија.