Русија предупреди на украинска провокација со возила со ознаката „Z“

Режимот во Киев организираше провокација во Николаевскиот (Миколаевскиот) регион во јужна Украина, каде што припадници на украинската територијална одбрана користеле возила со ознатака „Z“, којашто ја користат проруските бунтовници од областа Донбас, при ограбувањето на локалното население, изјави во четвртокот вечерта генерал-полковникот Михаил Мизинцев, началник на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

„По наредба на командата на вооружениете сили на Украина, специјалистите за информативно-психолошки операции спроведена инсценирано снимање на ‘акти на грабежи’, наводно извршени од руските војници врз цивили. Припадници на 191-от баталјон на 123-та бригада на територијалната одбрана преоблечени во руски униформи со возила со ознаката Z демонстративно ограбуваа приватни домови и ги фотографираа и снимаа со нивните мобилни телефони своите бестијалности“, изјавил Мизинцев.

Истакнал дека тоа се случило во населеното место од урбан тип Воскресенское.

Мизинцев истакнал дека руското министерство за одбрана го предупредува „таканаречениот цивилизиран Запад“ дека ова е уште еден инсцениран случај од страна на куевските власти за „наводни злосторства на Русија“, кои се планирани наскоро да бидат дистрибуирани преки „објективни“ и „независни“ западни медиуми со целосно одобрение на планерите кои се во Киев.

Додал дека „ваквите акции уште еднаш ја покажуваат целосната рамнодушност кон судбината украинските цивили“.