Русија предупредува дека ISS може да се урне поради санкциите

Челникот на руската вселенска агенција Роскосмос сугерираше дека Меѓународната вселенска станица (ISS) би можела да се урне поради најновиот бран на западните, во прв ред санкциите од САД, против Русија поради нејзината воена операција во Украина.

Во пораката објавена во саботата на Telegram каналот, Рогозин оценува дека санкциите можат да го загрозат рускиот сегмент на станицата кој ја оддржува ISS во орбитата околу Земјата, како и дека од западните партнери во проектот побарал да ги повлечат „незаконските“ санкции против руските компании. Предупреди дека во спротивно ISS може да се урне на Земјата.

Орбиталнатата станица е сѐ постара, но засега нема планови кога конечно ќе биде повлечена од употреба. Неколку компании во Русија кои се важни за вселенските патување се погодени со заострените санкции, што се толкува како суптилно фаворизирање на американските приватни компании кои го развиваат ткн вселенски туризам.

Русија е неопходна за доброто функционирање на ISS, бидејќи погонскиот систем на орбиталната станица кој овомзожува подесување на траекторијата се потпира на руските ракети. Неодамна Роскосмос објави дека ја запира испораката на ракетните мотори во САД како одговор на американските санкции.

Роскосмос, исто така е одговорен за одржување на ISS и летовите до и од станицата. Вселенската капсула „Сојуз“, во која ќе бидат американскиот астронаут Марк Ванде Хеи и руските космонаути Антон Шкеплеров и Пјотр Дубров, би требало да се вратот на Земјата од ISS на 30-ти март. Германскиот астронаут Матија Маурер ќе остане на станицата.

Неизвесна е судбината на Меѓународната вселенска станица која во орбитата е подолго од две децении. Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходно објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотици санкции со кои се опфатени и руските технолошки и вселенски програми се обидуваат да добијат примат во оваа сфера. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.

Русија може да го продолжи своето учество во работата на Меѓународната вселенска станица (ISS) и по 2025 година, доколку од руските компании во оваа област бидат симнати доглогодишните американски санкции, рече уште во јуни минатата 2021 година Дмитриј Рогозин, челникот на руската вселенска агенција Роскосмос. Рогозин тогаш повтори дека доколку САД не ги повлечат санкциите насочени кон научно-истржувачки сектор, Русија исклучиво ќе се потпре на својата свеленска станица за којашто веќе ги започна подготовките.

Ставена во функцина во 1998 година, Меѓународната вселенска станица е еден од најамбициозните проекти на соработка на човештвото во историјата. Во неа учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција (ESA). Претходно од 1986 до 2001 година во функција беше советско-руската станица „Мир“ (Свет), чиј предвиден животен век беше за 10 до 15 години.

Заменикот на рускиот премиер Јуриј Борисов во април минатата година рече дека Москва разгледува напуштање на ISS од 2025 година поради застареноста на оваа орбитална станица и големите трошоци за нејзино одржување и санирање. Од Роскосмос, пак, тогаш соопштија дека одлуката за напуштање на станица сѐ уште не е донесена.

Руската вселенска агенција Роскосмос тогаш истовремено објави дека започнува со спроведување на планот за првиот основен модул за новата руска орбитална станица преку ракетно-вселенската корпорациа (РКК) „Енергија“, во настојувањата Русија да ја воспостави својата станица до 2025 година, бидејќи сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица. Повтори и дека Русија веќе започна со градењето на првиот сегмент од вселенската орбитална станица, како и дека „Енергија“ ќе го подготви лансирањето во рок од четири години.