Русија во понеделникот предупреди дека можеби ќе биде присилена да распореди ракети со среден дострел со нуклеарни боеви глави во својот европски дел, како одговор на сличните планови на НАТО:
Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави за агенцијата РИА дека Москва ќе мора да го повлече таквиот потег, доколку НАТО не сорабнотуваат на смирувањето на тензиите и продолжи да се приближува и распоредува вооружување на руските граници.
На Западот сметаат дека изјавата на Рјабков дополнително ќе ги зголеми улогите во спорот во кој Русија бара обврзувачки договор а САД и нивните сојузиници тврдат дека Москва нводно планира напад врз Украина што руската страна го отфрлува како изговор на Западот за зголемените воени активности на руските граници.
Ракетите со среден дострел со нуклеарни боеви глави (INF) забранети се во Европа уште од договорот од 1987 година меѓу последниот советски челник Михаил Горбачев и тогашниот американски претседател Роналд Реган. Вашингот излезе од договорот во 2019 година, вообичаено со обвинувањето дека Русија наводно го кршела.
Рјабков во понеделникот истакна дека постојат „индикретни индиции“ дека НАТО планира да ги распореди таквите проектили, откако во ноември ја обновиле 56-та артилериска команда којашто во текот на блоковската Студена војна управувала со ракетите „Pershing“ кои можат да носат нуклеани боеви глави.
„Доколку нема напредок кон политичкото и дипломатско решение на овој проблем, нашиот одовор ќе има воен и воено-технички карактер“, предупреду Рјабков.
НАТО тврди дека во Европа нема да бидат распоредени нови американски ракети и дека руските ракети може да го пресретне со „одмерен“ одговор кој вклучува само само конвенционално оружје. Но Рјабков истакнува дека Русија „воопшто не му верува“ на НАТО.