Русија предупредува дека САД го гледаат Црното Море како полигон за борбени активности

Руското министерство за одбрана предупреди во вторникот реагирајќи на американските воени активности во регионот на Црното Море, истакнувајќи дека се проучуваат можностите за борбени дејствија во заднината на подготовки на Украина за воено решение на конфликтот во нејзиниот отцепен регион Донбас.

Како што пренесуваат медиумите, руското министерство за одбрана истакнува дека руската Црноморска флота спроведува „низа мерки за контрола на активностите на бродовите на американските воено-поморски сили“ во акваториумот на Црното Море.

Москва, исто така, наведува дека САД формираат мултинационални воени сили во непосредна близина на руските граници. Се додава дека разузнувач со балистички ракети и танкер во моментов се наоѓаат во водите на Црното Море, како и дека два стратешки бомбардера од типот „B-1B“ прелетале на оддалеченост од 100 километри од руските државни граници.

„Имајќи го предвид фактот дека покрај американската воена морнарица, планирано е активирањен тактичката, патролната и стратешката авијација, како и контингнети на вооружените сили на Бугарија, Грузија, Романија, Турција и Украина, постои студија за претпоставена воена сцена во случај на подготовките на Киев за воено решени на југоистокот“ на Украина, го цитира агенцијата РИА соопштението на руското министерство за одбрана.

Во него, исто така, се истакнува дека моментов американскиот разурнувач „Porter“ и командниот брод на американската Петта флота „Mount Whitney“ се вкотвени во грузиското пристаниште, а танкерот „John Lenthall“ во југозападниот дел од Црното Море. Бродовите на американската морнарица, како што појаснува Москва, пристигнале за учество во заедничките маневри кои ги спроведува заедничката команда на американските сили во Европа во регионот на Црното Море.

„Станува збор за ненајавени и непланирани активности на американските сили, кои создадваат мултинационална групација вооружени сили во непосредна близина на руските гранции“, истакнуваат од руското министерство за одбрана.

Во соопштението се предупредува дека таквите активности претставуваат фактор за дестабилизација во регионот и повторуваат дека една од целите е развој на конфликт на територијата на Украина.

„Руските вооружени сили континуирано ја набљудуваат и следат ситуацијата“, истакнува министерството за одбрана.