Русија предупредува дека Украина наводно загубила 68 радиоактивни извори

Десетици радиоактивни извори исчезнаа во Украина, изјави на брифинг за новинарите во вторникот Игор Кирилов началникот на војските за биохемиска и радијациска одбрана на руската армија, повикувајќи се на разузнавачки поатоци.

„Извештајот на секретарот на Советот за национална безбедност на Украина до премиерот (Денис) Шмигал предизвикува особена загриженост. Во него се известува за губење на 68 извори на јонизирачко зрачење, вклучително и високо активни, кои се наоѓале во Институтот за метрологија во селото Липци, регионот на Харков“, изјави генерал-полковникот Кирилов.

Кирилов нагласи дека Украина станала еден од главните увозници на потрошено нуклеарно гориво. Патиштата за снабдување минуваат низ Полска и Романија, а организациските, логистичките и финансиските прашања се лично надгледувани од шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андреј Ермак.

Според проценките на руските експерти, Украина во моментов нема технички потенцијал да создаде нуклеарно оружје, што минатиот месец неколкупати го напомна украинскиот претседател Володомир Зеленски, но постојните способности му дозволуваат на Киев да изработи ткн „валкана бомба“.

Кирилов, исто така, потсети дека Зеленски на средбата со американскиот репуликански претседателски кандидат Доналд Трамп во октомври 2024 година, во форма на ултиматум, побарал забрзано членство во НАТО или дозвола за поседување нуклеарно оружје.

Зеленски, инаку, првпат ги објави плановите за враќање на нуклеарниот статус на Минхенската безбедносна конференција уште во февруари 2022 година, конференцијата тогаше се одржуваше од 18-ти до 20-ри февруари, четири дена пред почетокот на руската инвазија.

Генералот, исто така, рече дека една од приоритетните цели на инвазијата на украинските вооружени сили во регионот Курск е заземањето на нуклеарна централа.

Кирилов во втроникот, исто така, рече дека руското Министерство за одбрана го проучувало извештајот на Украинската државна служба за вонредни состојби, во која се нагласува дека во случај на несреќа во нуклеарната централа Курск, во руската област во која од август се наоѓаат украински единици, само руската територија ќе биде изложена на радиоактивна контаминација. Според Кирилов, украинските вооружени сили го земале предвид овој документ при планирањето на операцијата започната на 6-ти август.