Неонацистите, како што Москва ги нарекува борците на баталјоните составени од припадници на крајно десните движења вклучени во украинската војска, по нардба на гувернерот ја минираа браната Хаџибеј крај најголемиот црноморски пристанишен град Одеса, за подоцна да ја кренат во воздух, предупреди на брифингот во саботата, генерал-полковникот Михаил Мизинцев, началниот на Националниот центар за управување со одбранта на Руската Федерација.
„Во Одеса, по инструкции на регионалниот гувернер, беше минирана браната Хаџибеј, којашто неонацистите планираат да ја кренат во воздух“, тврди Мизинцев.
Појаснил дека доколку се случи тоа, ќе бидат целосно поплавени густонаселените места на регионот заедно со жителите. Според Мизинцев, обидот на претставник на Државната служба за вонредни состојби на Украина да ја спречи таа „безумна одлука“ бил грубо и остро спречен и со закана за егзекуција.
Во Одеса, град со над милион жители основан на крајот од XVIII век, живее значителна руско и рускојазнично заедница, а од ноември 2013 до мај 2014 година градот беше сцена на постојани протести и контрапротести меѓу приврзаниците и противниците на ткн киевски Евромајдан, кој заврши со палење на Домот на синдикатите од страна на крајно десните украински групи и загинување на 50 проруски активисти на 2-ри мај 2014 година за што досега никој не одговарал . Потоа градот целосно е ставен под воена контрола на украинските сили а во мандатот на претседадателот Петро Порошенко за гувернер на Одескиот регион беше поставен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.
Мизинцев во саботата уште рекол дека во Краматорск, град со над 150.000 жители на украинскиот исток во Донецкиот регион, паравоените десничарски украински формации од минофрлачи гаѓале конвој возила кој доставувал вода за пиење за цивиклите во градот. Гранатирањето, додал Мизинцев, било извршено токму во моментот кога водата им била делена на жителите, при што три лица биле тешко повредени, а две контузирани.
Украинските власти, според Мизинцев, изјавуваат подготвеност да ја осигураат безбедноста на хуманитарните коридори на териториите контролирани од Киев, и наводно ја изразуваат своијата посветеност на хуманистичките принципи, но всушност на секој можен начин го спречуваат извлекувањето на цивилите во безебедни области и ги блокираат хуманитарните акции.
„Уште еднаш им го свртуваме вниманието на Обединетите нации, ОБСЕ, Меѓународниот комитет на Црениот крст на злосторничките политики на официјален Киев во одност на граѓаните на Украина, на грубото кршење не само на меѓународното хуманитарно право, туки и на уставот на сопствената земја“, додал Мизинцев.
Информирал и дека Русија отвора поморски хуманитарен коридор за излез на странските цивилни бродови од украинските пристанништа, но дека властите во Киев не се согласиле со тоа.
„Уште еднаш истакнуваме дека од страна на Русија не доаѓа никаква опасност за слободната цивилна пловидба. Како потврда на тоа, секојдневно од 8 до 19 часот (по московско време), Русија отвора хуманитарен коридор кој е безбедна линија за пловење кон југозападен правец од територијалните води на Украина во должина од 80 и широчина од 3 наутички милји“, рекол Мизинцев.
Повторил дека украинската страна не ја потврдила својата подготвеност да ја осигури безбедното испловување на странските бродови до собирната зона и на секој можен начин избегнува соработка за решевање на ова прашање.
„Уште еднаш ја повикуваме целата меѓународна заедница, пред сѐ Меѓународната поморска организација, да влијаат врз официјален Киев и да преземат ефикасни мерки насочени кон деблокирање и осигурување на безебдниот излез на бродовите на странски држави од пристаништата во Украина“, рекол Мизинцев.