
Русија смета дека во Авганистан постои опасност од избувнување граѓанска војна но Москва нема намера да се меша таму, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Постои „опасност од повторно избувнување граѓанска војна во Авганистан“, изјави Песков.
„Секако, никој нема намера да се меша во овие настани“, одговори Песков на новинарско прашање за можна руска интервенција во таков судир. Но додаде дека и моменталната ситуација претставува „дополнителна опасност и закана“.
Русија со загриженост го следи триумфалното напредување на талибаните во Авганистан. Стравува дека исламистичките милитанти преку поранешните советски централноазиски републики кои граничат со Авганистан би се појавиле на нејзините граници.
Москва долго беше ангажирана на преговорите меѓу владата во Кабул и талибатните, кои на 15-ти август ја преземаа власта во Авганстан.
Истовремено, според податоците на руската државна корпорација за извоз на оружје „Рособоронекспорт“,, поради авганистанската криза би можело да се зголеми побараувачката на руско вооружување во соедните сега независни централноазиски земји.
„„Меѓутоа, доколку им биде потребно на соседните земји или на нашите партнери…, подготвени сме да одговориме“, изјави директорот на „Рособоронекспорт“, Александр Микејев.
Агенцијата РИА ја пренесе изјавата на заменикот на руски премиер, дека Москва е подготвената своите сојузници од Организацијата на договорот за заедничка безбедност, воени сојуз кој го сочинуваат Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Таџикистан и Киргистан, кои граничат со Авганистан, ќе ги снабди со оружје и друга воена опрема по посебни пониски цени.