Русија презема противмерки како одговор на придружувањето на Финска и Шведска во НАТО

Финското и шведското придружување на НАТО довело до зголемени воени закани во близина на руските граници и Русија презема соодветни противменри, порача во петокот рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу на колегиумот во неговото министерство.

Како што пренесува новинската агенција РИА, Шојгу рекол дека Русија ќе одговори со создавање 12 нови единици во својот Западен воен округ.

Финска и Шведска во средата официјално поднесоа барање за придружување во НАТО, за што ја имаат големата поддршка од големите западни земји предводени од САД, но Турција го блокираше почетокот на процесот поради недоразбирањата со двете скандинавски земји.

Финскиот претседател Саули Ниинисто зборувајќи за западните медиуми за телефонскиот разговор со Владимир Путин во кој го известул за одлуката на Хеслинки да се придружи на НАТО, истакна дека бил изненаден од тоа што со голема смиреност и без напнатост тоа го примил рускиот челник.

Претходно во понеделникот Путин коментирајќи ја Алијансата во периодот кога руските сосетки Финска и Шведска се пред прием во воениот блок, порачува дека нивниот влез „не создава закана, но ќе предизвика одговор“.

„Проширувањето на воената инфраструктура на оваа територија (Финска и Шведска), безусловно, ќе предизвика наш одговор“, рече Путин.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека влегувањето на Финска и Шведска во НАТО веројатно нема ништо важно да промени, имајќи предвид дека и двете земји веќе долго време тесно соработуваат со Алијансата и учествуваат на заедничките воени вежби.

Шојгу на брифингот во петокот истакнал дека контролните проверки во зимскиот период на обуката покажале квалитативно зголемување на нивото на обиченост на формациите во округот за 25 отсто во однос на претходната година. Интензитетот на борбената обука на пловилата во рамките на Балтичката флота се зголемил за 42 отсто, со повеќе од триста борбени вежни на кои се користени разни видови оружја, а активностите на воената авијација се зголемиле за 4 отсто.