Русија присилена да ги плати каматите на обврзниците во рубљи

Руското министерство за финансии објави во средаа дека било присилено поради американските акции да ги плати купонските камати на двете државни еврообрврзници во рубљи, бидејќи странската банка одбила да го одработи неговиот налог за плаќање во американски долари.

Странската банка го одбила налогот на Русија да уплати 649,2 милиони долари на купонските камати на две државни обврзници, а не го обработила ниту плаќањето на главницата на еврообрврзницата коајшто ја доспева за наплата годинава, истакнаа во руското министерство за финансии, не наведувајќи за која банка станува збор.

Русија требаше да ги плати купонските камати на дврежавните обврзници коишто доспеваат за наплата оваа односно во 2042 година.

Од руското министерство за финансии порачаа дека на странските сопственици на двете европбрвзници би можеле да им ги корвентираат рубљите во странски валути кога повторно ќе им биде овозможен пристапот до замрзнатите девизни резерво во западните банки.

Според прописите, доколку должникот на го исплати износот во валутата утврдена со договорот, се смета дека не е способен да ги намирува своите финансиски обврски.

Од почетокот на руската воена операција во Украина, САД и нивните сојузници замрзаа половината од вкупно 640 милијарди долари руски девизни и резерви во злато. Капиталот на руската централна банка во американските банки е замрзната, а на неговото евентуално користење за плаќање на купонските камати на државните обврзници ги одобруваше американското министерство за финансии.

Портпаролот на американското министерство за финансии во понеделникот изјави дека е целосно блокиран пристапот на Русија до девизните резерви, откако кон крајот на минатата седмица Русија плати 447 милиони долари купонска камата на државната обврзница која доспева за наплата во 2030 година, што беше минимално петтата нејзина уплата од почетокот на украинската војна.

„Русија сега мора да одлучи дали ќе продолжи да ги црпи преостанатите драгоцени резерви и новите приходи коишто ѝ пшристигнуваат или да покаже дека како должник не може да ги намири своите финансиски обврски“, изјави портпаролот на американското министерство за финансии.

Неименуван за извор изјавил за Reuters дека САД го стопирало обработувањето на исплатата во „JPMorgan Chase & Cou“. Се проценува дека потегот е одговор на барањето на Москва земјите корисници на нејзиниот гас испораките да ги плаќаат во рубљи.

Банката-коресподент ги обработува руските уплати на купонските камати испраќајќи ги во банката-исплатувач којашто ги распоредува парите на сопствениците на обврзниците во странство.