Руското министерството за надворешни работи објави во понеделникот дека прогласи 40 германски дипломати за непожелни лица, како одговор откако Берлин протера ист број руски дипломати.
Германија на 4-ти април прогласи „значителен број“ функционери од рускара амбасада во Берлин за „непожелни“, објави германското министерство за надворешни работи.
Протестното писмо за непријателските политики на Берлин и протерувањето на 40-те руски дипломати на почетокот од април е предадено на германската амбасада во Москва во понеделникот, објави руското министерство.
Според податоците со коишто располага германската службена новинска агенција DPA, споменатата бројка одговоара на околу третина од германскиот дипломатскиот кор во Русија.
И покрај своите поостапки, германското министерство за надворешни работи оцени дека потегот на Москва е „неоправдан“.