Русија разговара за воспоставување потенцијална „гасна унија“ со централноазиските поранешни советски републики Казахстан и Узбекистан за да ги зголеми испораките на гас меѓу трите земји и да им ги понуди на други купувачи, вклучително и Кина, пренесува во вторникот независната новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на изјава на рускиот вицепремиер Александар Новак.
Портпаролот на казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев претходно во вторникот дека рускиот претседател Владимир Путин ја предложил таа идеја на нивната средба во понеделникот, но не изнесе детали. Подоцна во понеделникот во разговорите со рускиот премиер Михаил Мишустин, Токаев рекло дека казахстанската страна „треба да навлезе во темата“ за да се „дојде до посакуваните резултати и договори“.
Рускиот вицепремиер изјавил дека „трилатералната гасна унија“ меѓу Русија, Казахстан и Узбекистан поседува голем потенцијал, посебно во извозот на гасот на трети пазари.
„И Русија, и Казахстан, и Узбекистан, уште до советско време всушност имаме единствен систем за транспортот на гасот. Имаме голем потенцијал за меѓусебна соработка во оваа област, особено во испораките на гас, неговата преработка, што во принцип веќе е направено според испораките до други извозни дестинации“, изјавил Новак за новинарите коментирајќи ја идејата за „тројната гасна унија“.
Конкретно, споменатата идеја за оваа соработка подразбира извоз на гасот на огромниот кинески пазар, за што Новак рекол дека „сето тоа треба да се разгледува како дополнителна соработка“.
Русија е голем извозник на природен гас, додека Узбекистан и Казахстан произведуваат приближно онолку колку што трошат. Двете земји се поврзани со гасовод со Русија, а засебен гасовод минува низ двете земји кон Кина. Но двата гасовода се полнат и со гас од Туркемнистан, додека Казахстан и Узбекистан никогаш не пријавиле некакви транзитни испораки на руски гас во Кина или во која и да е друга земја.