Русија разговара за можно одржување на заеднички воени вежби со Северна Кореја, навести во понеделникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Зошто да не, тоа се наши соседи. Постои стара руска поговорка: Своите соседи не ги бирате и со нив е подобро да живеете во мир и складност“, го цитира приватната руска агенција Интерфакс рускиот министер за одбрана.
На прашањето за можноста за одржување на заедничките воени вежби, Шојгу одговорил дека за нив „секако, се разговара“.
Јужнокорејскта службена новинска агенција Yonhap извести, повикувајќи се на неименувани извори од разузнавањето на Јужна Кореја, дека Шојгу наводно при неодамнешната посета на Пјонгјанг на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун му предложил двете земји да одржат поморски маневри заедно со Кина.
Шојгу се сретна со Ким во јули кога ја посети Северна Кореја по повод 70-годишнината од склучувањето на примирјето во Корејската војна што во Пјонгјанг се одбележува како Ден на победата. Притоа на рускиот министер за одбрана му беа прикажани најновите севернокорејски балистички проектили.
САД минатата седмица изразија загриженост дека преговорите за вооружување меѓу Русија и Севрна Кореја „би можеле активно да напредуваат“, и тврдеа дека наводно Шојгу патувал во Пјонгјанг за да го убеди Ким да ѝ продаде на Москва артилериска муниција. Руската страна катергорично ги отфрли тие тврдења, порачувајќи дека руската воена индустрија произведува доволно средства за армијата, за разлика од западните.
Рускиот амбасадор во Пјонгјанг, Александар Мотсегора изјави во саботата за агенцијата ТАСС дека не е запознаен со никави планови Северна Кореја да учествува во трилатерални воени вежби со Кина и Рисија, но верува дека тоа би било „соодветно“.
Русија и Северна Кореја неодамна објавија дека се заземаат за јакнење на меѓусебните воени врски, но Пјонгјанг повторно негираше дека тргува со оружје со Москва.
Северна Кореја досега исклучително ретко одржувала воени вежби со своите соседи. Меѓутоа, секогаш со лансирање балистички проектили одговара на редовните масивни воени вежби коишто ги одржуваат САД и Јужна Кореја со учество и на стратешки бомбардири и повеќе родови војска, а до годинава во поморскиот дел од маневрите им се приклучи и Јапонија.