Русија сега е во војна поради интервенцијата на Западот во Украина, вели Песков

Откако таканаречениот колективен Запад стана учесник во конфликтот во Украина, специјалната воена операција всушност стана војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за Аргументи и факти објавено во петокот.

„Ние се наоѓаме во воена состојба. Да, тоа започна како специјална воена оперција, но штом таму се формираше таа група, кога Западот стана учеснок во ова на страната на Украина, за нас тоа веќе стана војна. Јас сум убеден во тоа. И секој треба да го разбере ова, за своја внатрешна мобилизација“, рече претставникот на Кремљ.

Подоле во интервјуто Песков појаснува дека „правниот статус на специјалната операција не е променет, но де факто, по вклучувањето на колективниот Запад, таа се претвори во војна“ за Русија.

Портпароот на рускиот претседател појасни дека Русија се смета себеси влучена во војна поради западната интервенција на страната на Украина и вели дека не може да дозволи земја на нејзините граници која покажала подготвеност да користи каков и да е метод за преземање на контролата врз Крим.

Коментарите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руското издание Аргументи и факти, едни од најострите за Украина, следеа по масовниот одмазнички напад на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина во текот на ноќта, како реакција на украинските удари врз пограничните градови на руска територија и нејзините нафтени рафинерии.

Руските власти, вклучително и претседателот Владимир Путин, постепено во својот речник го користеа терминот „војна“, само одвреме-навреме, откако долго инсистираа да се избегнува овој термин.

Песков, исто така, рече дека Русија мора целосно да ги „ослободи“ своите „нови региони“ за да ја обезбеди безбедноста на своите жители, мислејќи на четирите анектирани украински региони во 2022 година, кои се со доминантно руско и рускојазично население и кои прогласија независност од Украина по превратот во Киев во март 2014 година.

Киев ја прозива Русија за нејзиното „нелегално грабање“ територија и вели дека „нема да престане“ со војната додека не бидат отстранети сите руски војници од украинската почва. Украина, исто така, е решена да го врати црноморскиот полуостров Крим, кој беше присоединет кон Русија во 2014 година.

Црноморскиот полуостров, со над 80 отсто руско население, во 1954 година во СССР е административно одземен од Русија и присоединето кон тогашната советска република Украина, чии власти по прогласувањето независност во 1991 година му го укинаа и статусот автономен регион. По превартот од 2014 година, Крим на кој се наоѓаше историската база на руската Црноморска база, откако беше укинат статусот на службен за рускиот јазик, властите на полуостровот организираа два референдума – за враќање на автономијата и за присоединувањето на Руската Федерација, на кои тамошното населние со 96 отсто се изјасни позитивно.

Украина и меѓународната заедница не ги признаваат референдумитие и велат дека Русија незаконски анектирала украинска територија. Но Москва, која изминаите десет ггодини инвестираше многу во Крим, тврди дека полуостровот е историски дел од Русија и дека неговиот статус е решен „еднаш засекогаш“.