Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети АТАКМС врз руската област Брјанск, која се наоѓа 400 километри јужно од Москва. Во соопштението, Министерството наведе дека руските противракетни системи синоќа собориле пет ракети, а една била оштетена.
Територијата на Брјанската област ноќе беше погодена со шест ракети АТАCMS, од кои пет беа соборени од комплексот „Панцир“, а уште една беше е погодена, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Вечерва во 03:25 часот, непријателот погоди објект на територијата на областа Брјанск со шест балистички ракети, според потврдени податоци, во нападот биле употребени оперативно-тактички проектили од американско производство. Соборени се од страна на борбените екипажи на системот за противвоздушна одбрана С-400 и системот за противвоздушна одбрана „Панцир“, 5 проектили, 1 е оштетена“, соопшти Министерството за одбрана
„Нејзини фрагменти паднаа на техничката територија на воениот објект во регионот Брјанск, предизвикувајќи пожар кој веднаш беше изгаснат, немаше жртви или уништување“, сооппштија од Москва без да се наведе дали и кој објект бил погоден.
Заменикот државен секретар на САД, Брајан А. Николс, денеска официјално потврди дека Белата куќа ѝ дозволила на Украина да користи оружје со долг дострел за напади врз руска територија.
- Извештаите за нападот се појавија само неколку минути откако Кремљ се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел.
Украина не ја потврди веднаш употребата на ракетите АТАКМС во нападот врз Брјанската област, но Генералштабот на Украина соопшти дека извршил напад врз магацинот 1046. Центар за логистичка поддршка во регионот Карашев, каде што се слушнале повеќе експлозии.
„Ќе продолжиме со уништување на магацините со оружје на руските окупаторски сили со цел да се стави крај на руската вооружена агресија врз Украина“, се наведува во соопштението на украинскиот Генералштаб.
Системот MGM-140 (АТАКМС) е суперсонична тактичка балистичка ракета произведена од американските компании „Линг-Темко-Воут“ и „Локхид Мартин“. Таа користи цврсто гориво, долга е четири метри, а варијантите со најголем дострел можат да летаат до 300 километри.
Овие ракети можат да се истрелуваат од ракетниот систем за повеќекратно лансирање M270 (МЛРС) и високомобилниот ракетен систем M142 (ХИМАРС).