Руската војска со високопрецизни крстосувачки проекетили гаѓала воени цело во западниот украински град Лвов, соопшти во неделата министерството за одбрана во Москва.
Русија до проектили со долг дострел погодила складиште за гориво кои го користат украинските сили во близина на Лавов и користела крстосувачки проектили за гаѓање постројки во предградие кои се користат за поправка на противвоздушните системи, радарските станици и нишаните за тенкови.
„Вооружените сили на Руската Федерација ги продолжуваат офанзивните акции во рамките на специјалната воена операција“, изјави во соопштение портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Министерството објави и снимка од рекетните напади во Лвов. Локалните украински власти, во градот кој е на само 60 километри од границата со Полска којашто е членка на НАТО, велат дека во ракетните напади имало ранети.
Русија, исто така, користеле поморски ракети со долг дострел за уништување на арсенал со ракети за противвоздушните систем „С-300“ и „БУК“ во близина на Киев, соопшти министерството за одбрама. Руските сили, исто така, уништиле во последните 24 часа дваесеттина дронови.
Од почетокот на руската офанзива во Украина, руските сили уништиле 289 беспилотни летала, 1.656 тенкови и други борбени оклопни возила, 169 повеќецевни ракетни батерии, 684 единици на теренска артилерија и минифрлачи од различен калибар, како и 1.503 специјални воени возила, додал Конашенков.
Русија започнала со уништување на украинските складишата за гориво и храна кои ги користата воените сили, што значи дека владата во Киев ќе мора наскоро да ги преместува, изјави во неделата советникот на украинското министерство за внатрешни работи Вадим Денисенко.