Русија тврди дека го нарушила снабдувањето со оружје на украинските единици

Руската војска во синоќешните ракетни напади врз цели длабоко на територијата на Украина уништила неколку објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс со цел да го отежне снабдувањето со оружје украинските единици на фронтот, соопшти во понеделникот руското министерство за одбрана.

Станува збор за втор масивен руски ракетен напад врз цели по длабочина на украинската територија, како одговор на украинскиот напад од минатата седмица врз кримското пристаниште Севастопол, седиштето на руската Црноморска флота, што Киев го означи како најава на долгоочекуваната украинска противофанзива чија цел ќе биде истиснување на руските сили од сите територии кои се под контрола на Москва во Украина, вклучително и полуостровот Крим.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, бил изведен групен ракетен напад со високопрецизни проектили со долг дострел истрелани од воздух и море, но не се наведено позициите од кои е изведен нападот.

Меѓутоа, се негираат информациите до Украина дека биле гаѓани цивилни цели и се повторуваат тврдењата дека штетите врз цивилните објекти се нанесени од остатоците од проектилите на украинската противвоздушна и противракетна одбрана чии системи се распоредени во самите урбани средини и на цивилни објекти и станбени населби.

„Изминатата ноќ руските вооружени сили изведоа групен ракетен удар со високопрецизни вооружувања со долг дострел врз украинските воено-индустриски постројки. Целите на нападот се остварени… Работењето на фабриките кои произведуваат муниција, оружја и воена опрема за вооружените сили на Украина е прекинато“, соопштија од Москва.

Министерството за одбрана, исто така, во своето соопштение од понеделникот додава и дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Бахмут, и оти ја преземале контролата над речиси целата територија на градот.

 

Украина известува за десетици ранети

Изминатата ноќ беше известено дека е прогласена воздушна тревога низ цела Украина. Експлозии одекнувале во три региони: Дњепропетровскиот и Киевескиот, како и во украинската престолнина Киев. Одделно, беше известено дека индустриско претпријатие во Павлоград биле погодено во руските ракетни напади.

Украинските вооружени сили соопштија дека нивните противвоздушни единици пресретнале 15 до 18 истрелани проектили.

Во тие ракетирања ноќта кон понеделникот само во областа на Дњепропетровск биле ранети 34 лица. „Сега веќе има 34 ранети во ракетирањата во областа на Павлоград“, објави гувернерот на областа Серхиј Лисак на апликацијата Telegram.

Според претходно објавените податоци имало 25 ранети во Павлоград, на југоистокот на Украина каде се наоѓа важен железнички јазол. Станува збор за вториот масивен ракетен напад во последните три дена.

Повеќето ранети се здобиле со скршеници, повреди нанесени од остатоци или од вришување чад, бидејќи ракетирањата предизвикала пожари во раните утрински часови.

Две жени на возраст од 45 и 55 години се префрлени на одделот за интензивна нега. Три малолетни деца, меѓу кои и осумгодишно девојченце, се ранети.

Гувернерот Лисак во објавата на Telegram наведува дека пожарот избувнал во индустриски објект, погоден во нападот. Покрај тоа, биле оштетени 19 повеќекатници, 25 приватни куќи, шест училишта и пет трговски дуќани. Напад имало и во соседното село каде што се оштетени 40 куќи, додава.