Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека „спречило обид за напад на околу 20 украински беспилотни летала кои гаѓале цели на полуостровот Крим“.
„Во текот на ноќта беше спречен обид за терористички напад на режимот на Киев со 20 дронови против цели на територијата на полуостровот Крим“, објави Министерството на Телеграм.
Вкупно 14 украински беспилотни летала се уништени со системи за противвоздушна одбрана, а уште шест со електронско наведување, се наведува во соопштението, во кое се додава дека во нападот нема жртви или материјална штета.
Руската војска во петокот соопшти дека уништила украинско беспилотно летало во западниот дел на Москва, поради зголемувањето на ваквите напади врз руската престолнина.