Русија уништила центар за странски платеници и нова пратка западно оружје

Руската војска во одметнатиот проруски источен украински регион Донбас уништила голема пратка оружје и воена опрема испорачана од западните земји за украинските сили во споменатата област, како и привремен центар за странските платеници, објави во понеделникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-полковникот Игор Конашенков.

„Ракети со висока прецизност истрелани од воздух во областа на железничката станица Удачное во Доњецкиот регион уништија големо количество оружје и воена опрема испорачана за групацијата украински националисти од САД и европски земји“, рече Конашенков на редовниот претпладневен брифинг во Москва.

Покрај тоа, уништен бил и привремен центар за прифаќање и координација на странските платеници во местото на Федоровка, во Лиганскиот регион, каде што според руската војска биле уништени и две батерии на повеќекратни ракетни системи.

Во изминатото деноноќие, додаде Конашенков, воената авијација извела напади врз 63 локации на кои имало војска и воена опрема на украинските сили, а меѓу другото биле погодени команден пункт и радарски систем за ракетниот противвоздушниот систем „Бул М1“. Во овие напад биле убиени 120 украински војници, уништени два тенка, седум артилериски оружја и 11 специјални воени возила.

Истовремено руските ракетни сили и артилеријата уништиле 247 локации на концентрација на жива сила, 13 командни пунктови, 63 огнени позиции и една станица за електронско војување.

Покрај тоа, во изминатите 24 часа, руската противвоздушна одбрана соборила осум беспилотни летала над регионите Доњецк и Луганс, додаде Конашенков.