Русија успешни тестирала интерконтинентална ракета од новата генерација

Русија успешни ја тестирала новата моќна интерконтинентналната балистичка ракета „Буревестник“, потврди во четвртокот претседателот Владимир Путин и не ја исклучи можноста од тестови со оружје коешто може да предизвика нуклеарен удар, првпат по три децении.

„Спроведено е последното успешно тестирање на ‘Бууревестник’, крсотусвачка ракета со глобален дострел со нуклеарна инсталација и нуклеарен погонски систем“, истакна Путин во обраќањето на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“ во црноморското летувалиште Сочи.

Путин уште во март 2018 година во обраќањето пред Федералното Собрание на Руската Федерација најави создавање нови видови оружја коишто треба да ја „осигураат стратешката рамнотежа во светот во следните децении“, меѓу кои беше спомната и ракетата „Буревестник“.

Според риското Министерство за одбрана, „Буревестник“ е еден од најновите вооружени системи, а станува збор за интерконтинентална кристосувачка ракета на нуклеарен погон со практично неограничен дострел. Овој проектил може да понесе нуклеарна боева глава, а се истакнува дека со нискиот лет е тешко забележлива за сите постоечки и идни системи за ракетна и противвоздушна одбрана.

Истовремено, рускиот претседател во Сочи рече и дека стратешкиот ракетен систем „Сармат“ во најсокоро време ќе биде ставен во режим на борбено дежурство. Станува збор за еден од клучните елемнети на новата генерација на руско стратешко оружје, кое може да носи нуклеарни полнења.

„Фактички ја завршивме работата над тешката ракета ‘Сармат’. Потребни ни се да завршиме некои процедури, чисто административни и бирократски“, рече Путин.

„Сармат“ е огромна ракета и тежи дури 208 тони, а долга е околу 35 метри. И покрај тоа, развива брзина од над 25.000 километри на час и има опсег на дејствување од околу 18.000 километри. Може да понесе од 10 до 15 боеви глави и мамци, секоја со капацитет до 750 килотони и може да погоди повеќе локации една од друга оддалечени со илјадници километри, на пример во САД или во цела Европа.

Новиот комплекс први треба да го добијат ракетните луѓе на Ужурската ракетна формација, бидејќи таа има важна стратешка локација и ја има потребната инфраструктура. За распоредување на „Сармат“ се користи инфраструктура од ракетните системи „Воевода“, што значително го намалува времето и трошоците за распоредување на новиот комплекс.

На почетокот на руската инвазија на Украина на 24-ти февруари 2022 година, Путин постојано потсетува на рускиот нуклеарен потенцијал, а во четвртокот повтори дека никој со здрав ум нема да користи нуклеарно оружје против Русија.

Русија нема спроведено нуклеарна проба од 1990 година, една година пред распадот на Советскиот сојуз, но Путин одби да ја исклучи можноста повторно да прибегне кон такво тестирање. Потсети дека САД не го ратификуваа договорот за забрана на нуклеарни проби, за разлика од Русија, која и го потпиша и го ратификуваше. Тој рече дека, теоретски, би било можно Думата да ја отповика ратификацијата.

Воените аналитичари веруваат дека континуираното нуклеарно тестирање од страна на Русија или САД, или и двете, би значело длабока дестабилизација во време кога тензиите меѓу двете земји се повисоки од кога и да е во изминатите 60 години.

Рускиот претседател, исто така, рече дека нема потреба Русија да ја менува својата доктрина за вистинска употреба на нуклеарно оружје, според која може да го користи како одговор на нуклеарен напад против Русија или во случај на закана за безбедноста и територијалниот опстанок на самата држава.

Одговарајќи на прашањето на рускиот аналитичар Сергеј Караганов, кој е за промена на доктрината и спомна можност за нуклеарни напади врз европските земји, Путин рече: „Едноставно не гледам потреба од тоа“.