Русија ќе ги развива вооружените сили на својот централноазиски сојузник Киргистан а исто така ќе го развива своите воени објекти во оваа земја, објави во понеделникот Кремљ по средбата на претседателите на двете држави Владимир Путин и Садир Жапаров во Москва.
„Истакнувајќи ја потребата од осигурување на безбедноста и заштитата на суверенитетот на Киргистан, вклучително и способноста за спротисавување на можни напади од меѓународни терористички организации, челниците на двете држави ја нагласуваат важноста од зајакнувањето на киргистанските вооружени и развојот на руските воени објекти на нејзината територија“, ја цитира Кремљ заедничката изјава на Путин и Жапаров.
Русија во Киргистан располага со воена база во чии рамки се аеродром, поморски објект на езерото Исик0Кул и уште неколку објекти.
Путин го прими Жапаров во Москва дена пред одржувањето на големата воена парада на 9-ти мај во спомен на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. На парадата на Црвениот плоштад киргистанскиот претседател ќе биде еден од ретките годинава присутни странски челници.
Русија и Киргистан, поранешна советска република, се во воениот сојуз во рамките на Договорот за колективна безбедност (КТО), кој го води Москва.
Според споменатата заедничка изјава, двете земји покрај планирањето на „продлабочување на воената и техничката соработка“ предвидуваат и подобрување на економските и културните односи за да „постигнат нови ниво на интеграција“.