Постојаниот руски претставник во Обединетите нации, Василиј Небензја, во средата пред новинарите ги покажал незабележливите противпешадиски мини ткн „латици“ обвинувајќи ја украинската војска дека ги користи и против цивилното население во отцепената пороруска област Донбас.
Небензја потсетил дека претходниот месец на новинарите им покажал фотографии од споменатите забранети противпешадиски мини, коишто, како што рекол, украинските сили освен во украинските градови кои се под контрола на руските сили се расфрлаат и на руска територија. Истакнал дека тие минијатурни експлозивни средства може да бидат и камуфлирани, и оти се специјално дизајнирани за цивили, особено за децата кои по природа се љубопоитни.
„Ова се мали мини, вооружените сили на Украина ги фрлаат во станбени области, на улиците, во парковите. Многу е тешко да бидат забележани на теренот“, рекол Небензја.
Според дипломатот, доколку ги пронајдат деца, тие често ги мешаат таквите мини со играчки и ги земаат во раце, по што овие направи експлодираа. Како што истакнал Небензја, од ваквиот вид муниција досега настрадале 47 лица.
„Упорно повикуваме да биде осуден режимот во Киев за користење на овие нехумани методи на војување“, рекол рускиот дипломат во седиштето на светската организација во Њујорк.
„Мините се жив доказ за садистичкиот и дивјачки карактер на режимот во Киев, симбол на неговиот вистински однос кон народот на истокот и југоистокот на земјата. Луѓето, секако го гледаат и го сфаќаат тоа. Оттаму и односот кон руските војници како ослободители, што широко е распространет на ослободените територии. Тоа не се вклопува во наративот на Киев и неговите западни спонзори, поради што Украина прибегнува кон тактики на терор и заплашување во регионите на Херсон, Запорожје и Харков. Но тоа не може да го промени расположението на луѓето кој го видоа вистинското лице на киевскиот режим“, додал Набензја.
Постојаната мисија на Русија во ОН претходно до генералниот секретар на агенцијата и во Советот за безбедност дистрибуирала писмо за употреба на таквите противпешадиски сили од страна на украинските сили против цивилите во Донбас. Во него се потсетува дека Украина во 2005 година ја ратификувала Конвенцијата од Отава којашто забранува употреба, складирање и производство на противпешадиски мини, со што Киев ги прекршува своите меѓународно обврски.
Небензја додал дека Киев ја губи борбата а неговите западни спонзори кои вода преку него посредна војна со Русија „до последниот Украинец“ навлегуваат „сѐ подлабоко и подлабоко“ во поддршката на „антинородниот, нечовечки режим затворајќи ги очите пред манифестирањата на национализам и русофобија“.
„Истовремено, тие си пукаат в нозе со попустите обиди политички и економски да ја изолираат Русија. Сепак, за тоа ќе мора да одговараат пред своите гласачи и даночни обврзници“, рекол рускиот амбасадор во ОН.
Небензја се осврнал и на „невидената кампања“ за дискредитирање на Русија.
„Никогаш од времето на нацистичката пропаганда на Гебелс, светот не беше соочен со нивото на фалсификати и подметнувања промовирани од западните и украинските стручњаци за психолошки операции. Не се сомневам дека историјата ќе ја даде вистинската оцена за нив“, додал Ненебзја.
Покрај тоа, рускиот амбасадор додал дека Западот продолжува да ги затвора очите пред бројните случаи на кршење на меѓународно хуманитарно право од страна на украинската војска.
Небензја рекол дека Русија повеќепати предупредувала дека украинските сили ги користат цивилните објекти како борбени артилериски позиции и за складирање муниција, што го констатирале и западните невладини организации како неодамна Amnesty International.
„Меѓутоа, наместо да го принудат Киев да го почитува меѓународното хуманитарно право, нашите западни колеги, по хистеријата на украинските власти кои се научени да се извлекуваат од сѐ, претпочитаа да организираат јавно камшикување токму на Amnesty International. Така и денеска г-ѓата (заменичка на генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари) Ди Карло најде зборови да изрази загриженоста во врска со претстојните судења на нацистите и садистите од ‘Азов’ (украинска паравоена формација за која Москва тврди дека е составена од припадници на неонацистичките и ултранационалистички движења кој е вклучена во редовниот состав на украинската војска), но не кажа ниту збор за од нив сторените ужасни злосторства, кршење на меѓународното хуманитарно право, вклучително и брутални мачења, за кои многу информации имаат и меѓународните претставници, вклучително и од ОН, кои сега Ди Карло ги застапува“, рекол Небензја.
Рускиот дипломат заклучил дека тоа е „крајно цинично и непринципиелно“, како и дека ги обезвреднува вредностите на слободата на говорот и заштитата на човекови права кои ги промовира токму Западот. Небензја изразил жалење што на Западот не го разбираат тоа, но дека го „сфаќаат обичните Украинци кои се соочуваат со злосторствата“ од украинските сили.