
Русија го идентификувала правот случај кога сојот на птичјиот грип AH5N8 кој минал од птица на човек за што ја известила Светската здравствена организација (СЗО – WHO), соопшти во саботата Ана Попова, шефица на надзорната агенција за здравје на потрошувачите Роспотребнадзор.
Русија случајот го пријави во СЗО „уште пред неколку дена, во моментот кога сосема бевме сигурни во резултатите“, изјави Попова за рускиот телевизиски јавен сервис.
Засега нема знаци за пренос на овој сој на вирусот од човек на човек, додаде Попова.
Претходно во светот беше пријавен дека уште еден сој на птичјиот грип H5N1 се проширил на луѓето.
Седум работници на живинарска фирма на југот на Русија се заразиле со сојот AH5N8 во моментот на избувнувањето на заразата во декември, рече Попова, додвајќи дека тие во моментов се чувствуваат добро.
„Ситуацијата натаму не се развиваше“, рече Поппова.