Русија во текот на ноќта започнала масовни удари врз украинската војска, напад врз Лвов

Руското министерство за одбрана соопшти во понеделникот дека започнале масовни удари во текот на изминатата ноќ врз украинската војска и поврзани воени цели користејќи ги своите воздушни сили, артилеријата и системите за противвоздушна одбрана.

Во објавата се наведува дека само во текот на ноќта кон победелникот руските сили уништиле 16 украински воени објекти, меѓу кои 5 командни центри, складиште за горива, 3 складишта за муниција, како и објекти во кои биле сместени украински војници и воена опрема. Ракетирани позиции се во Харковската, Запорошката, Донецката и Днепропетровската областа, како и во пристаништето Николаев, во граничните области на поширокиот регион Донбас кон централна Украина.

Руското воздухопловство, пак, извело напади врз 108 позиции на украинската војска. Во нив биле уништени 12 украински беспилотни летала и тенков, а се додава дека со проектилите „Искандер“ биле уништени 4 складишта за оружје и воена опрема во пошироките области на Луганск, Донецк и Виница.

Руската артилерија погодила изминатата ноќ 315 цели, додека противвоздушната одбрана соборила 2 украински хелокоптера, два млазни авиона „МиГ-29“ е еден авион „Су-25“, пренесе агенцијата РИА.

Руските сили влегле и во помалиот град Кремина во регионот на Луганс, објавија исто така во понеделникот украинските сили.

„Во текот на ноќта непријателот успеа да напредува до Кремина, мо не успеаја да се базираат таму. Борбите во градат и натаму трајат“, објави назначениот од Киев гувенер на регионот Луганс, Сергеј Хајдај на социјалните мрежи. Според него, четворица цивили се застрелени додека се обидувале со автомобил да побегнат во текот на рускиот напад, пренесува Reuters.

Руските трупи во Кремина влегле со тешко вооружување и во голем број, твди Хајдај, додавајжи дека градот е тешко гранатиран, при што оштетени бил неколку згради и спортски комплекс.

Кремина е во близина на градот Рубежнмо, каде борбите трааат веќе месц и половина, и е најголем фронт во регионот. Украинскиот генералштабн претходно во свокот извештај дека руските напади биле одбиени.

Најмалку шест лица загинале, меѓу кои и едно дете, а уште осум други лица се ранети во ракетен напад врз западниот украински град Лвов во понеделникот утрото, според регионалниот гувернер Максим Козицки.

Три проектила погодиле воена инфраструктура, додал Козицки, додека еден погодил сервис за замена на автомобилски гуми.

Властите во запдните и јужните украински региони Лвов и Днепропетровски известваат за повеќекратни експлозии во понеделникот, а репортерот на Reuters слушнал низа експлозии во Киев. Засега нема никакви официјални соопштенија за причината за експлозиите.