Канцеларијата на рускиот државен обвинител соопшти во четвртокот дека започнала истрага за видео-снимката од наводно обезглавување на украински воен заробеник.
„За да ја утврдиме веродостојноста на овие материјали и за да донесеме исправна одлука, ја проследивме до истражните власти поради проверка“, соопшти руското обвинителство.
На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа како наводен руски војник се снима себеси додека со нож му ја отсекува главата на украински војник кој го заробил.
Кремљ во средата изјави дека снимката којашто кружи на социјалните мрежи е „ужасна“ и дека мора да се утврди нејзината веродостојност.
Киев претходно во средата по објавувањето на снимката ја спореди Русија со џихадистичката организација Исламска држава, но некои групи од оваа ултрарадикална џихадистичка организација беа заробени или уништени додека се бореа на страната на украинските сили, особено во борбите за Мариупол.
Агенцијата Reuters објави дека не можела да ја потврди автентичноста или потеклото на снимката која се споделува на социјалните мрежи, а прикажува маж во воена униформа како му ја отсекува главата на друг униформиран маж со жолта лента на ракавот, ознака каква што носат украинските војници наспроти руските кои имаат црвени или бели ленти на ракавите.
Украинската разузнавачка Служба за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека покренала истрага за видеоснимката.