Русија возврати и ги прекинува американските инспекции на своите воени бази

Русија во понеделникот објави дека ја запира американската инспекција предвидена во нејзините воени бази врз основа на ткн договор START 3 или Нов START, важниот договор меѓу двете сили за нуклеарното разоружување кој САД не го продолжија, истакнувајќи дека тоа е одговор на попречувањето на сличните руски инспекции во американските воени бази од страна на Вашингтон.

Последниот нуклеарен договор меѓу САД и Русија, ткн Новиот START-3 е договор кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 2010 година. Според него, двете земји се договорија оперативните носечки системи за нуклеарно оружје како ракети, бомби и подморници да ги намалат на по 700, а исто така предвидува и лимитирање на по околу 1.550 боеви глави, додека вкупно ракетни лансери не смеат да бидат повеќе од 800. Договорот беше на сила до 5-ти февруари 2021 година, по што автоматски според договореното можеше да биде и продолжен, но не подолго од пет години, со согласност од двете страни.

Рускиот претседател Владимир Путин во јануари 2021 година, еднострано го продолжи на пет години до 2026 година. Досега, според договорот, Москва и Вашингтон имаа право да извршат дваесеттина меѓусебни инспекции годишно.

Минатата седмица се одржа конференцијата на Обединетите нации за Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT). Во видео-обраќањето американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговата администрација е подготвена „итно“ да преговара за новите рамки за контролата на вооружувањето да се замени новиот START кога ќе истекне во 2026 година.

„Меѓутоа, преговорите бараат партнер со волја кој дејствува во добра вера“, рече тогаш Бајден обвинувајќи дека „руската агресија врз Украина претставува напад врз меѓународниот поредок“.

„Меѓутоа, преговорите бараат партнер со волја кој дејствува во добра вера“, рече тогаш Бајден обвинувајќи дека „руската агресија врз Украина претставува напад врз меѓународниот поредок“.
Тоа во Москва засега неофицијално се толкува како незаинтересираност на Вашингтон за продолжување на договорот за контрола и неширање на нуклеарното вооружување, а САД сѐ уште не ѝ понудиле на Русија преговори за контрола во вооружувањето, изјави во минатата среда рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Русија во понеделникот официјално ги известила САД дека сите нејзини бази кои врз основа на договорот за новиот START предвидени за преглед „привремени се изземени“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

Во прв ред станува збор за ракетни бази, како и за воздухопловни и поморски бази во кои се сместени нуклеарни боеви глави.

„Руската Федерација е присилена на оваа мерка (…) поради моменталната ситуација којашто на САД ѝ носат еднострана предност и ја лишуваат Русија од правот на извршување инспекции на американска територија“, порачаа од Москва.